Гаиска Мендиета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гаиска Мендиета
Mendieta 95-96.jpg
Лични податоци
Полно име Гаиска Мендиета Сабала
Роден на 27 март 1974 (1974-03-27) (46 г.)
Роден во Билбао, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 7 декември 2007 (33 г.)
Младинска кариера
Кастељон Кастељон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992 Кастељон Кастељон 16 (0)
1992–1994 Валенсија Б Валенсија Б 34 (4)
1993–2001 Валенсија Валенсија 230 (44)
2001–2003 Лацио Лацио 20 (0)
2002–2003Барселона Барселона 33 (4)
2003–2004 Мидлсбро Мидлсбро 62 (4)
Репрезентација
1991 Шпанија Шпанија 18 5 (0)
1993 Шпанија Шпанија 20 3 (0)
1992–1996 Шпанија Шпанија 21 13 (0)
1996 Шпанија Шпанија 23 2 (0)
1999–2002 Шпанија Шпанија 40 (8)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Гаиска Мендиета Сабала (шпански: Gaizka Mendieta Zabala, р. 27 март 1974 во Билбао) — поранешен шпански фудбалер, кој играл како играч од средниот ред.

Најголемиот дел од кариерата ја поминал во Валенсија, потоа играл и за Лацио и една сезона во Барселона, а кариерата ја завршил во дресот на англискиот Мидлсбро.[1][2] Со Валенсија играл две финалиња на Лигата на шампионите и двете ги загубил; во 2000 од Реал Мадрид и во 2001 од Бајерн Минхен. Сепак, како резултат на својте одлични игри тој бил прогласен за Најдобар играч од средниот ред од страна на УЕФА и во двете сезони во кои Валенсија губела во финалето.

За шпанската репрезентација Мендиета одиграл 40 натпревари и постигнал 8 гола во периодот 1999-2002, и ја претставувал на Европското првенство 2000 и Светското првенство 2002.

Животопис[уреди | уреди извор]

Неговиот таткото Андрес исто така бил фудбалер и играл на позицијата голман.[3] Тој бил по потекло од Лекеитио, Бискаја, а последните години од играчката кариера ги поминал во Кастељон, каде подоцна работел и како секретар и генерален менаџер на клубот.[4] Бидејќи неговото семејство било со него, Гаиска израснал во Кастељон де ла Плана, во регионот Валенсија, каде и ја започнал својата фудбалска кариера во клубот во кој играл и работел неговиот татко, па така и покрај баскијското потекло тој никогаш не играл за некој клуб од неговиот роден крај.

Мендиета изјавил дека Руд Гулит бил неговиот фудбалски идол во детството, поради неконвенционалниот стил на игра на холанѓанецот.[5]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Разноврсен играч, со добра техника, напаѓачки способности и вешт во одземањето на топката, способен за создавање на шанси за голови за неговите соиграчи.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Роден во Билбао, Баскија, Мендиета ја започнал својата кариера во регионот Валенсија во екипата на Кастељон, со која го направил своето професионално деби на возраст од само 17 години во Сегунда Дивисион, играјќи претежно како бек.[6][7]

Валенсија[уреди | уреди извор]

После една сезона во која одиграл 16 натпревари за Кастељон, тој го напуштил клубот и се преселил во Валенсија за 30 милиони пезети за да може да игра во најквалитетната шпанска фудбалска лига, Примера Дивисион. Сепак, по доаѓањето во клубот тој најпрво играл за вториот тим, поминувајќи ја таму речиси целата своја прва сезона, а своето деби за првиот тим го направил на 13 јуни 1993 година против Кадис;[8][9] тој влегол во игра во 86-тата минута на местото на Миодраг Белодедиќ. Следната недела, во последното коло од првенството, тој направил уште еден настап од клупата во победата со 3-0 над Реал Овиедо и тоа биле неговите единствени две вклучувања во првиот тим за сезоната 1992-1993.

Следната сезона тој играл повеќе за првиот тим забележувајќи 20 настапи во лигата, а го постигнал и својот прв гол во ремито 3-3 на домашен терен против Леида. Потоа, тој постигнал уште еден гол во поразот со 3-2 на гостувањето кај Реал Мадрид, завршувајќи ја сезоната 1993-1994 со два гола. Во сезоната 1995-1996, Мендиета одиграл 34 натпревари без постигнат гол помагајќи им на лос че да завршат на второто место во Примера зад Атлетико Мадрид, што бил нивен највисок пласман уште од 1990 година.

Својот пробив во кариерата Мендиета го имал во сезоната 1997-1998, кога под водството на тренерот Клаудио Раниери ја одиграл својата најдобра сезона дотогаш. Раниери го преместил Мендиета од бек во улога на централен играч за врска и тоа се покажало како одличен потег кога играчот ја завршил сезоната со 10 постигнати гола на 30 првенствени натпревари. Следната сезона, тој бил и капитен на Валенсија во неколку натпревари и ги освоил своите први два трофеи со клубот: УЕФА Интертото купот во летото 1998, а на крајот од сезоната Валенсија триумфирала и во Купот на Шпанија совладувајќи го во финалето Атлетико Мадрид со убедливи 3-0 со еден гол на Мендиета и два на Клаудио Лопес.[6] Во финалето тој постигнал неверојатен гол, почнувајќи од начинот на кој ја исконтролирал топката, потоа како ја префрлил преку двајца противнички играчи пред да го нанесе завршниот удар од волеј со кој го совладал противничкиот голман.[1]

Под водството на новиот тренер Ектор Купер, Мендиета имал дури уште подобра година. За време на сезоната 1999–2000, тој ја освоил својата трета титула со клубот по победата над Барселона со вкупен резултат 4–3 во Суперкупот на Шпанија. Тој постигнал највисоки во кариерата 13 голови во лигата, но тоа било доволно само за Валенсија да го освои третото место, со ист број на бодови како и Барселона но полош меѓусебен скор со каталонците. Мендиета одиграл важна улога и на патот на клубот до финалето на Лигата на шампионите, каде на 14 натпревари постигнал 5 гола, меѓу кои биле и двата во полуфиналето против Барселона. Во финалето, одиграно на Стад де Франс, лос че загубиле убедливо со 3-0 од Реал Мадрид, а Мендиета бил избран за "Најдобар играч од среден ред според УЕФА".[10]

Во својата последна сезона во Валенсија, Мендиета му помогнал на клубот да стигне повторно до финалето на Лигата на шампионите, но таму тие загубиле повторно овојпат од Бајерн Минхен по изведување на пенали. Мендиета постигнал гол од пенал уште во третата минута од натпреварот за да ја доведе Валенсија во водство, но подоцна германците изедначиле исто така од пенал и натпреварот отишол во продолженија, а потоа и до изведување пенали.[6] Мендиета повторно бил прецизен од белата точка, но на крајот Бајерн бил поуспешен со 5-4 на пенали и станал Европски шампион.[11] По завршувањето на натпреварувањето, тој бил избран за најдобар играч од средниот ред за втора година по ред.[12]

Лацио и Барселона[уреди | уреди извор]

Во летото 2001 година, Мендиета потпишал за италијанскиот Лацио, во трансфер вреден 47.7 милиони евра (89 милијарди италијански лири[13]) што го направил шестиот најскап играч на сите времиња.[14] Тој дошол во Рим, како замена за чехот Павел Недвед кој бил продаден на Јувентус истото лето. Сепак, во Италија Мендиета не успеал да ги покаже својте квалитети играјќи само една разочарувачка сезона во Серија А во која забележал 20 настапи без да постигне ниту еден гол.

Потоа тој бил позајмен на Барселона за сезоната 2002-2003, играјќи 47 натпревари во сите натпреварувања на кој постигнал 6 гола.[15] Сепак, по освојувањето на разочарувачкото 6-то место во Примера Дивисион 2002-2003, каталонците одлучиле да направат целосна реконструкција во составот и Мендиета не бил откупен.

Мидлсбро[уреди | уреди извор]

Во летото 2003 година, Мендиета му се приклучил на англискиот клуб Мидлсбро на заем од Лацио до крајот на сезоната, отфрлајќи ги претходно понудите од неговата татковина од Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао поради желбата да игра Премиер лигата.[7][16] Во неговата прва сезона, тој придонесол за освојувањето на Лига купот, првиот освоен трофеј на Боро во историјата на клубот.[6][17] После добрата сезона, во јули 2004 Мидлсбро потпишал траен договор со Мендиета.

Сепак, во последните неколку сезони од кариерата, тој постојано се мачел со повреди и не бил во можност многу да му помогне на клубот. Својот последен натпревар го одиграл на 26 декември 2006, против Евертон. После тоа тој претрпел уште една повреда, по што менаџерот на Мидлсбро Гарет Саутгејт, изјавил дека играчот повеќе не е во неговите планови.

Во декември 2007 година, шпанските медиуми објавиле дека Мендиета го најавил своето пензионирање по завршувањето на сезоната 2007-2008, кога ќе му истече договорот со Мидлсбро.[18][19] Откако во сезоната тој не одиграл ниту еден натпревар, своето официјално повлекување од фудбалот го направил на 13 мај 2008, ставајќи крај на 17-годишната кариера.[20]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Мендиета ја претставувал Шпанија во неколку младински репрезентации под 18, под 20, под 21 година и олимписката репрезентација.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 27 март 1999, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Хуан Карлос Валерон во победата со 9-0 над Австрија во квалификациите за Европското првенство 2000.[21] Потоа, тој бил повикан меѓу 22-цата шпански фудбалери кои ја претставувале репрезентацијата на завршниот турнир во Белгија и Холандија. Мендиета постигнал два гола на турнирот и двата од пенал во победата со 4-3 над СР Југославија во групната фаза и во четвртфиналето против Франција во поразот со 1-2 после кој црвената фурија била елиминирана.[22]

Две години подоцна, и покрај лошата сезона во Лацио, Мендиета бил избран во составот на репрезентацијата и за Светското првенство 2002, постигнувајќи еден гол на три натпревари, во победата против Јужна Африка со 3-2.[23] Шпанија уште еднаш била елиминирана во четвртфиналето, овојпат по изведување на пенали од домаќинот Јужна Кореја.

Својот последен настап за Шпанија, Мендиета го имал во пријателски натпревар против Бугарија, во октомври 2002. Вкупно за својата земја одиграл 40 натпревари и постигнал 8 гола.

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1991-1992 Шпанија Кастељон СД 16 0 КШ 0 0 - - - - - - 16 0
1992-1993 Шпанија Валенсија ПД 2 0 КШ 0 0 КУ - - - - - 2 0
1993-1994 ПД 20 2 КШ 0 0 КУ 0 0 - - - 20 2
1994-1995 ПД 13 1 КШ 3 0 - - - - - - 16 1
1995-1996 ПД 34 0 КШ 8 0 - - - - - - 42 0
1996-1997 ПД 30 1 КШ 0 0 КУ 6 0 - - - 36 1
1997-1998 ПД 30 10 КШ 5 0 - - - - - - 35 10
1998-1999 ПД 37 7 КШ 7 5 ИК+КУ 6+4 0 - - - 54 12
1999-2000 ПД 33 13 КШ 2 1 ЛШ 16[24] 5 СШ 2 0 53 19
2000-2001 ПД 31 10 КШ 0 0 ЛШ 16[25] 4 - - - 47 14
Вкупно Валенсија 230 44 25 6 48 9 2 0 305 59
2001-2002 Италија Лацио А 20 0 КИ 4 0 ЛШ 7[26] 0 - - - 31 0
2002-2003 Шпанија Барселона ПД 33 4 КШ 1 0 ЛШ 15[27] 2 - - - 49 12
2003-2004 Англија Мидлсбро ПЛ 31 2 ФАКуп+ЛК 1+6 0+1 - - - - - - 38 3
2004-2005 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 0 0 КУ 1 0 - - - 8 0
2005-2006 ПЛ 17 2 ФАКуп+ЛК 6+0 1+0 КУ 6 0 - - - 29 3
2006-2007 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0+0 - - - - - - 8 0
2007-2008 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 0 0
Вкупно Мидлсбро 62 4 14 2 7 0 - - 83 6
Вкупно во кариерата 361 52 44 8 77 11 2 0 484 80

Репрезентативна статистика[уреди | уреди извор]

Извор:[28][29]
Шпанија
Год. Наст Гол
1999 9 1
2000 13 3
2001 8 3
2002 10 1
Вкупно 40 8

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Шпанија Валенсија[уреди | уреди извор]

1998-1999
1999
1998

Англија Мидлсбро[уреди | уреди извор]

2003-2004

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2000, 2001
2000-2001

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Gaizka Mendieta: 39 años de una leyenda“ [Gaizka Mendieta: 39 years of a legend] (шпански). Deporte Valenciano. 27 March 2013. Посетено на 2 July 2013.
  2. „Worst players to win the Champions League“. ESPN FC. 24 May 2013. Посетено на 15 January 2018.
  3. Hope, Craig (16 October 2014). „Gaizka Mendieta... former Middlesbrough star was a master midfielder by day and master mixer by night“. Daily Mail. Посетено на 7 June 2017.
  4. „El Castellón nombró gerente a Mendieta“ [Castellón named Mendieta as manager]. El Periódico Mediterráneo (шпански). 1 August 2010. Посетено на 7 June 2017.
  5. Fraser, Peter (16 January 2014). „My career: Gaizka Mendieta“. Sky Sports. Посетено на 7 June 2017.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Pérez Sierra, Alberto (22 March 2017). „¿Qué fue de Mendieta, el 'murciélago' indie del Valencia?“ [What happened to Mendieta, the indie 'bat' of Valencia?]. Diario AS (шпански). Посетено на 6 June 2017.
  7. 7,0 7,1 Balagué, Guillem (24 August 2003). „Leaving the pain in Spain“. The Guardian. Посетено на 7 June 2017.
  8. Hernández, José (12 December 2011). „Cádiz y los malos recuerdos del Valencia“ [Cádiz and Valencia's bad memories] (шпански). Deporte Valenciano. Посетено на 24 April 2018.
  9. „Mendieta: a cult hero for Valencia fans“. Valencia CF. 21 June 2016. Посетено на 24 April 2018.
  10. „Real storm to Cup glory“. BBC Sport. 24 May 2000. Посетено на 3 November 2009.
  11. „Bayern crowned European champions“. BBC Sport. 23 May 2001. Посетено на 3 November 2009.
  12. „Liverpool lose out at UEFA awards“. Raidió Teilifís Éireann. 24 August 2001. Посетено на 28 April 2020.
  13. „Mendieta passa alla Lazio per 89 miliardi di lire“. repubblica.it. 17 јули 2001. Посетено на 7 април 2017.
  14. S.S. Lazio (20 јули 2001). "Definito l'acquisto di Mendieta" (на Italian). Соопштение за печат.  посет. 24 септември 2017 г
  15. „Barca seal Mendieta loan deal“. BBC Sport. 20 July 2002. Посетено на 3 November 2009.
  16. „Boro sign Mendieta“. BBC Sport. 21 August 2003. Посетено на 3 November 2009.
  17. „Boro lift Carling Cup“. BBC Sport. 29 February 2004. Посетено на 3 November 2009.
  18. Bort, José Manuel (5 December 2007). „Gaizka Mendieta se retira“ [Gaizka Mendieta retires]. Levante-EMV (шпански). Посетено на 4 February 2009.
  19. Wilson, Scott (6 December 2007). „Mendieta decides to retire“. The Northern Echo. Посетено на 7 December 2007.
  20. Paylor, Eric (9 October 2008). „I'm glad I came to Boro – Mendieta“. Teesside Gazette. Посетено на 13 October 2008.
  21. Ros, Cayetano (28 March 1999). „España vive una noche idílica“ [Spain live idyllic night]. El País (шпански). Посетено на 6 June 2017.
  22. „Raul miss sends France through“. BBC Sport. 25 June 2000. Посетено на 3 November 2009.
  23. „Heartbreak for South Africa“. BBC Sport. 12 June 2002. Посетено на 3 November 2009.
  24. 2 настапи во третото квалификациско коло.
  25. 2 настапи и 2 гола во третото квалификациско коло.
  26. 1 настап во третото квалификациско коло.
  27. 2 настапи и 1 гол во третото квалификациско коло.
  28. Pla Díaz, Emilio. „Gaizka Mendieta Zabala – International Appearances“. RSSSF. Посетено на 31 August 2010.
  29. „Gaizka Mendieta“. European Football. Посетено на 30 January 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]