Прејди на содржината

Алфонсо Перес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алфонсо Перес
Лични податоци
Роден на 26 септември 1972(1972-09-26)(53 г.)
Роден во Хетафе, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2005 (32 г.)
Младинска кариера
Хетафе Хетафе
Реал Мадрид Реал Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989-1992 Реал Мадрид Кастиља РМ Кастиља 3 (1)
1991-1995 Реал Мадрид Реал Мадрид 88 (13)
1995-2000 Бетис Бетис 152 (57)
2000-2002 Барселона Барселона 21 (2)
2002Марсеј Олимпик Марсеј 11 (4)
2002-2005 Бетис Бетис 45 (10)
Репрезентација
1988-1989 Шпанија Шпанија 16 12 (6)
1989-1990 Шпанија Шпанија 18 12 (5)
1991 Шпанија Шпанија 19 1 (0)
1991-1993 Шпанија Шпанија 21 7 (0)
1991-1992 Шпанија Шпанија 23 11 (6)
1992-2000 Шпанија Шпанија 38 (11)

Алфонсо Перес Муњос (роден на 26 септември 1972 година, во Хетафе) — шпански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Алфонсо е роден во Хетафе, предградието на Мадрид и ја започнал својата кариера во Реал Мадрид. Во 1991 година, на возраст од само 18 години, го направил своето деби за првиот тим на Реал. Иако тој никогаш не врежал редовно место во почетниот состав на кралевите - играјќи главно како замена прво на Емилио Бутрагуењо, а потоа и на Иван Заморано - тој сепак му помогнал на клубот од главниот град да го освои шпанското првенство во сезоната 1994-1995.

Во летото 1995 година, Алфонсо му се приклучил на Реал Бетис. Во неговата втора сезона во клубот, тој постигнал 25 гола во лигата што е најголемиот број на голови постигнати од еден играч на Бетис за време на една сезона; тој исто така бил втор стрелец во лигата зад Роналдо и му помогнал на својот клуб да заврши на високото четврто место.[1][2]

По одличните игри за Бетис и за шпанската репрезентација на Европското првенство 2000, во летото 2000 година Алфонсо потпишал за Барселона. Сепак, тој имал големи потешкотии да се прилагоди на Камп Ноу, постигнувајќи само два гола во лигата (и двата во гостинската победа со 6-0 над Реал Сосиедад) и уште три во Купот на Шпанија за време на својата прва сезона. Откако во следната сезона играл многу малку за Барса, тој бил проследен на позајмица во францускиот Олимпик Марсеј во јануари 2002 година, која исто така се покажала не успешна.[3]

Пред почетокот на сезоната 2002-2003, Алфонсо се вратил во Бетис. После две сезони во кои постојано се мачел со повреди и не бил во препознатливата форма, Алфонсо ја завршил својата кариера во јуни 2005 година. Со 80 гола за Бетис, тој е шести најдобар стрелец во историјата на клубот.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Алфонсо одиграл 38 натпревари и постигнал 11 голови за сениорската репрезентација на Шпанија, правејќи го своето деби во пријателски натпревар против Англија на 9 септември 1992 година, во Сантандер.[4]

Тој ја претставувал својата земја на Европското првенство 1996. Тој ги одиграл сите натпревари на Шпанија на турнирот и постигнал еден гол во ремито 1-1 против Бугарија во првиот натпревар на репрезентацијата.[5] Шпанците биле елиминирани во четвртфиналето од домаќинот Англија по изведување на пенали.

Две години подоцна, Алфонсо бил повикан во составот на Шпанија за Светското првенство 1998, каде одиграл два натпревари.

Својот последен голем турнир со Шпанија, Алфонсо го имал на Европското првенство 2000. Тој ги одиграл сите натпревари за својата земја (три од нив бил стартер) на првенството во Белгија и Холандија и постигнал два гола, и двата во победата со 4-3 над СР Југославија во последното коло од групата, круцијална за Шпанија да остане на турнирот; откако шпанците губеле со 3-2, во 90-тата минута бил досуден пенал за нив кој во гол го претворил Гаиска Мендиета, а веднаш потоа на неколку секунди до крајот Алфонсо со спектакулерен гол, негов втор во натпреварот, ја води црвената фурија до победа од 4-3 и пласман во четвртфиналето.[6] Сепак, таму тие биле елиминирани од подоцнежниот шампион Франција со 1-2.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-9-1992СантандерШпанија Шпанија1 – 0Англија АнглијаПријателска-влегол во игра 73'
23-9-1992РигаЛатвија Латвија0 – 0Шпанија ШпанијаКвал. за СП 1994-влегол во игра 71'
14-10-1992БелфастСеверна Ирска Северна Ирска0 – 0Шпанија ШпанијаКвал. за СП 1994-влегол во игра 62'
16-12-1992СевиљаШпанија Шпанија5 – 0Латвија ЛатвијаКвал. за СП 19941влегол во игра 53'
27-1-1993Лас ПалмасШпанија Шпанија1 – 1Мексико МексикоПријателска-заменет 46'
22-9-1993ТиранаАлбанија Албанија1 – 5Шпанија ШпанијаКвал. за СП 1994-заменет 51'
6-9-1995ГранадаШпанија Шпанија6 – 0Кипар КипарКвал. за Евро 19961заменет 61'
20-9-1995МадридШпанија Шпанија2 – 1Аргентина АргентинаПријателска-влегол во игра 46'
11-10-1995КопенхагенДанска Данска1 – 1Шпанија ШпанијаКвал. за Евро 1996-влегол во игра 46'
15-11-1995ЕлчеШпанија Шпанија3 – 0Македонија МакедонијаКвал. за Евро 1996-влегол во игра 46'
24-4-1996ОслоНорвешка Норвешка0 – 0Шпанија ШпанијаПријателска-влегол во игра 53'
9-6-1996ЛидсШпанија Шпанија1 – 1Бугарија БугаријаЕвро 1996 - Прва фаза1влегол во игра 70'
15-6-1996ЛидсФранција Франција1 – 1Шпанија ШпанијаЕвро 1996 - Прва фаза-заменет 83'
18-6-1996ЛидсРоманија Романија1 – 2Шпанија ШпанијаЕвро 1996 - Прва фаза-влегол во игра 57'
22-6-1996ЛондонШпанија Шпанија0 – 0 прод.
(2 – 4 пен.)
Англија АнглијаЕвро 1996 - Четвртфинале-влегол во игра 46' добил жолт картон во 50-тата минута 50'
4-9-1996ТофтирФарски Острови Фарски Острови2 – 6Шпанија ШпанијаКвал. за СП 19983влегол во игра 59'
9-10-1996ПрагаЧешка Чешка0 – 0Шпанија ШпанијаКвал. за СП 1998-заменет 72'
14-12-1996ВаленсијаШпанија Шпанија2 – 0СР Југославија СР ЈугославијаКвал. за СП 1998-заменет 62'
12-2-1997АликантеШпанија Шпанија4 – 0Малта МалтаКвал. за СП 19982
30-4-1997БелградСР Југославија СР Југославија1 – 1Шпанија ШпанијаКвал. за СП 1998-заменет 69' добил жолт картон во 50-тата минута 50'
8-6-1997ВаљадолидШпанија Шпанија1 – 0Чешка ЧешкаКвал. за СП 1998-
24-9-1997БратиславаСловачка Словачка1 – 2Шпанија ШпанијаКвал. за СП 1998-заменет 72'
19-11-1997Палма де МајоркаШпанија Шпанија1 – 1Романија РоманијаПријателска-заменет 69'
28-1-1998Сен ДениФранција Франција1 – 0Шпанија ШпанијаПријателска-
25-3-1998ВигоШпанија Шпанија4 – 0Шведска ШведскаПријателска-влегол во игра 46'
3-6-1998СантандерШпанија Шпанија4 – 1Северна Ирска Северна ИрскаПријателска-влегол во игра 46'
13-6-1998НантШпанија Шпанија2 – 3Нигерија НигеријаСП 1998 - Прва фаза-заменет 58'дет.
24-6-1998ЛенсШпанија Шпанија6 – 1Бугарија БугаријаСП 1998 - Прва фаза-заменет 65'дет.
5-9-1998ЛимасолКипар Кипар3 – 2Шпанија ШпанијаКвал. за Евро 2000-заменет 38'
13-11-1999ВигоШпанија Шпанија0 – 0Бразил БразилПријателска-влегол во игра 85'
17-11-1999СевиљаШпанија Шпанија0 – 2Аргентина АргентинаПријателска-заменет 22'
29-3-2000БарселонаШпанија Шпанија2 – 0Италија ИталијаПријателска1влегол во игра 46'
3-6-2000ГетеборгШведска Шведска1 – 1Шпанија ШпанијаПријателска-заменет 64'
7-6-2000ЛуксембургЛуксембург Луксембург0 – 1Шпанија ШпанијаПријателска-
13-6-2000РотердамШпанија Шпанија0 – 1Норвешка НорвешкаЕвро 2000 - Прва фаза-влегол во игра 72'дет.
18-6-2000АмстердамСловенија Словенија1 – 2Шпанија ШпанијаЕвро 2000 - Прва фаза-заменет 71'дет.
21-6-2000БрижСР Југославија СР Југославија3 – 4Шпанија ШпанијаЕвро 2000 - Прва фаза2дет.
25-6-2000БрижШпанија Шпанија1 – 2Франција ФранцијаЕвро 2000 - Четвртфинале-добил жолт картон во 55-тата минута 55'дет.
Вкупно Настапи 38 Голови 11

Шпанија Реал Мадрид

[уреди | уреди извор]
1994-1995
1992-1993
1993

Шпанија Реал Бетис

[уреди | уреди извор]
2004-2005

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]
1992

Поединечни

[уреди | уреди извор]
1998
  1. „En el espejo de Alfonso y Pier“ (шпански). Diario de Sevilla. 6 January 2013. Посетено на 2 October 2019.
  2. „El perfil: Alfonso Pérez Muñoz“ [The profile: Alfonso Pérez Muñoz] (шпански). Real Betis. 26 September 2016. Посетено на 2 October 2019.
  3. „El Barça cede a Alfonso al Marsella“ [Barça loan Alfonso to Marseille] (шпански). ABC. 8 January 2002. Посетено на 2 October 2019.
  4. La nueva etapa se abre con victoria (New era gets started with win); Mundo Deportivo, 10 September 1992 (in Spanish)
  5. Spain start with a point against Bulgaria; UEFA, 6 October 2003
  6. Spain survive in seven-goal classic; BBC Sport, 21 June 2000

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]