Ивица Драгутиновиќ
Ивица Драгутиновиќ (роден на 13 ноември 1975 година) бил поранешен српски професионален фудбалер. Играл најчесто како централен дефанзивец, но можел да настапува и како одбранбен лев бек.[1]
По речиси една деценија играјќи во Белгија, најчесто во тимот на Стандард од Лиеж, тој заминал како дел од тимот на Севиља во Шпанија каде освоил дури шест големи титули во текот на 2000-тите години.
За својата селекција одиграл 49 натпревари. Драгутиновиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во 2006 година во Германија.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци во Белгија
[уреди | уреди извор]Драгутиновиќ е роден во Пријепоље. Тој почнал да игра фудбал во родниот град, во тимот на ФК Полимље. Подоцна, во летото во 1992 година му се приклучил на тимот на ФК Бор од Втората лига на СР Југославија.[2] По една сезона,[3] Драгутиновиќ се преселил во друг клуб од Втората лига , екипата на ФК Борац од Чачак. Во овој тим имал голем придонес за освојување на Втората лигата и за промоција во Првата лига СР Југославија. За екипата на Борац од Чачак, Драгутиновиќ одиграл 56 натпревари и постигнал три гола во периодот (1994 – 1996),[4] пред да замине да игра во Белгија во 1996 година. Во Белгија поминал вкупно 9 сезони и тоа во екипите на КАА Гент и Стандард од Лиеж. Во овие две екипи одиграл вкупно 219 натпревари од Првата дивизија А.
Драгутиновиќ постигнал огромен успех по неговото пристигнување во градот Лиеж. За тимот на Стандард одиграл преку 200 официјални натпревари. Тој ја започнал сезоната 2005-06 со екипата на Стандард, но на последниот ден од августовскиот преоден рок, потпишал договор со Севиља ФК од Шпанија. Договорот бил за период од 3+1 година. Бил замена за Серхио Рамос, кој од екипата на Севиља заминал во тимот на Реал од Мадрид.[5][6]
Севиља
[уреди | уреди извор]Драгутиновиќ имал редовна минутажа во текот на неговите први три сезони во новиот клуб, појавувајќи се на централната позиција во одбраната или на левата страна од последната четворка на играчи. Во секоја сезона постигнувал по еден гол. Тимот на Севиља ги освојувал, меѓу другите трофеи и двапати едноподруго Купот на УЕФА (тој бил во комбинација на 18 натпревари вклучувајќи го и финалето во 2007 година против екипата од Барселона РЦД Еспањол). Драгутиновиќ имал белгиски пасош, со што не бил вклучен во квотата за три играчи кои доаѓаат надвор од ЕУ во тогашната прва Ла Лига.[7][8]
На 2 август 2007 година, шпанскиот спортски весник Марка тврдел дека Драгутиновиќ се согласил да се приклучи на составот на Њукасл Јунајтед од Премиер лигата. На 5 ноември, сепак, тој ставил потпис на договорот кој бил со траење од 4 години.[9] На 25-ти август 2007 година тој прв му пристигнал на помош на колабираниот соиграч Антонио Пуерта за време на натпреварот против тимот на Хетафе ЦФ. Пуерта доживеал срцев удар. Драгутиновиќ со својата помош му го продолжил животот на својот соиграч кој сепак подоцна по само три дена починал во болнички услови.[10]
На 24 ноември 2009 година, Драгутиновиќ постигнал автогол за време на натпреварот и поразот на Севиља со резултат од 0:1 од тимот на ФК Униреа Уржичени восезоната на Лигата на шампионите на УЕФА. Тоа било негов втор пораз на теренот на Стадионот Стеауа. Претходно тој доживеал пораз на истиот терен и од екипата на ФК Стеауа Букурешт, во Купот на УЕФА.[11]
Драгутиновиќ настапил на 20 натпревари во сезоната 2009-10, кога екипата на Севиља завршила на четвртото место на крајот од првенството. На 20 февруари 2010 година, постигнал гол во победата од 3:1 над тимот на РЦД Мајорка.[12] Со таа победа Севиља успеала да го освои последното место кое води во Лигата на шампионите.
По доживеаната тешка повреда,[13] првиот настап на Драгутиновиќ во сезоната 2010-11 бил дури на 11 мај 2011 година, кога влегол на теренот во последните десет минути од натпреварот на гостувањето против екипата на CA Осасуна. На овој натпреварАндалусијците воделе со резултат од 2:0, а на крајот го загубиле натпреварот со резултат од 2:3.[14] На 26 мај 2011 година, 35-годишниот играч, честопати нарекуван со скартеницата „Драго“ за време на неговиот престој во клубот, потврдил дека го напушта стадионот „Рамон Санчес Писхуан“, а со тоа и клубот на Севиља.[15]
Репрезентација
[уреди | уреди извор]Драгутиновиќ својот прв натпревар за репрезентацијата на Југославија го одиграл на 13 декември 2000 година, во пријателскиот натпревар против селекцијата на Грција, кој завршил со резултат од 1:1. За време на успешната квалификациска сезона на земјата за Светското првенство на ФИФА 2006 година, тој, заедно со фудбалерите Горан Гавранчиќ, Немања Видиќ и Младен Крстајиќ, ја формирал одбраната на репрезентацијата и таканаречената „Познатата четворка“ која дозволила само еден гол (од шпанецот Раул Гонсалес).[16] На светското првенство, тој се појавил само во групната фаза во поразот од селекцијата на Холандија со резултат од 0:1. Неговата репрезентација примила вкупно десет гола и ги загубила сите натпревари на првенството во Германија.
На 12 септември 2007 година, во последните минути од натпревар од 2008 ЕВРО квалификациите во Португалија, Драгутиновиќ бил вмешан во расправија со тренерот на екипата на Португалија Луис Фелипе Сколари. Инцидентот завршил со размена на неколку удари од двете страни.[17][18] Тие добиле суспензија од четири, односно од два натпревари.[19] На крајот од тие квалификации репрезентацијата на Србија завршила на третото место во групата и не успеала да се квалификува на европското првенство во Австрија и Швајцарија.
Драгутиновиќ повторно бил повикан за квалификациските натпревари за Светското првенство во 2010 година, играјќи на шест од десет натпревари и помагајќи ѝ на новореформираната репрезентација на самостојна Србија да обезбеди учество на Светско првенство во ФИФА во 2010 година во Јужна Африка. По повредата на ахиловата тетива добиена на тренингот за тимот на Севиља, Драгутиновиќ бил изоставен од тимот кој отпатувал во Јужна Африка.[20]
Статистика во кариерата
[уреди | уреди извор]Меѓународна статистика
[уреди | уреди извор]- Извор:[21]
Репрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
СР Југославија | 2000 година | 1 | 0 |
2001 година | 0 | 0 | |
2002 година | 8 | 0 | |
Србија и Црна Гора | 2003 година | 3 | 0 |
2004 година | 7 | 0 | |
2005 година | 6 | 0 | |
2006 година | 3 | 0 | |
Србија | 2006 година | 3 | 0 |
2007 година | 6 | 0 | |
2008 година | 5 | 0 | |
2009 година | 6 | 0 | |
2010 година | 1 | 0 | |
Вкупно | 49 | 0 |
Признанија
[уреди | уреди извор]Севиља
- Освоен е шпанскиот кралски куп Копа дел Реј: 2006–07, 2009–10
- Освоен е Суперкупот на Шпанија: 2007 година
- Освоен е Купот на УЕФА: 2005–06, 2006–07
- Освоен е Суперкупот на УЕФА: 2006 година и второпласирани во 2007 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Serbia & Montenegro team profile“. Super Sport. Посетено на 13 June 2013.
- ↑ OD ZONE DO ZONE, page 254
- ↑ OD ZONE DO ZONE, page 257
- ↑ Sedam godina u reprezentaciji
- ↑ Dragutinovic cubre la baja de Sergio Ramos en el Sevilla (Dragutinovic compensates Sergio Ramos' loss at Sevilla) Архивирано на 23 февруари 2012 г.; Merca Fútbol, 31 August 2005 (in Spanish)
- ↑ „Dragutinovic to fill Sevilla void“. UEFA. 1 September 2005. Посетено на 28 January 2019.
- ↑ „Piden ocho meses de prisión a Dragutinovic por fraude en el pasaporte“ [Eight-month sentence requested for Dragutinovic for passport fraud] (шпански). Diario AS. 31 January 2006. Посетено на 28 January 2019.
- ↑ „Dragutinovic y Kone también viajan a Bélgica“ [Dragutinovic and Kone also travel to Belgium] (шпански). Diario de Sevilla. 5 November 2008. Посетено на 28 January 2019.
- ↑ Defender Dragutinovic renews Sevilla contract Архивирано на 19 октомври 2012 г.; ESPN Soccernet, 6 November 2007
- ↑ „Puerta ya había sufrido dos desmayos“ [Puerta had already passed out twice] (шпански). El País. 27 August 2007. Посетено на 20 January 2016.
- ↑ Dragutinovic, al doilea autogol pe Ghencea! (Dragutinovic, second own goal at Ghencea); ProSport, 24 November 2009 (in Romanian)
- ↑ Sevilla battle back to win Архивирано на 24 октомври 2012 г.; ESPN Soccernet, 20 February 2010
- ↑ Dragutinovic comienza a tocar balón (Dragutinovic starts working with ball); Marca, 19 November 2010 (in Spanish)
- ↑ Osasuna hit back for stunning win Архивирано на 24 октомври 2012 г.; ESPN Soccernet, 11 May 2011
- ↑ „Dragutinovic: "Me voy de un grande de Europa pero seguro que volveré"“ [Dragutinovic: "I leave one of Europe's greats but surely i'll return] (шпански). Marca. 26 May 2011. Посетено на 26 May 2011.
- ↑ Newcastle poised to sign Enrique; BBC Sport, 6 August 2007
- ↑ Scolari, Dragutinović face UEFA charges; UEFA, 13 September 2007
- ↑ The punch by Luiz Felipe Scolari – Video Архивирано на 26 јули 2008 г.; at Footyblog
- ↑ Four-match ban for Scolari; UEFA, 20 September 2007
- ↑ Injured Dragutinovic to miss World Cup; USA Today, 22 April 2010
- ↑ „Ivica Dragutinović“. European Football. Посетено на 28 January 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Податоци за државната репрезентација (на српски)
- Ивица Драгутиновиќ на National-Football-Teams.com
- Ивица Драгутиновиќ – Профил на службената страница на ФИФА
- Ивица Драгутиновиќ на soccerway