Захар Прилепин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Захар Прилепин (1975) - руски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Прилепин е роден во селото Иљинка во Рјазанската област. Дипломирал на филолошкиот факултет при Универзитетот на Нижегород. На почетокот, работел како обезбедување во ноќните клубови, физички работник, гробар, а како командант на една единица на ОМОН (одделение на полицијата за посебни намени) учествувал во војната во Чеченија. Потоа, работел како новинар.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Прилепин е еден од водечките руски писатели, добитник на бројни руски награди, како: „Верните синови на Русија“, „Национален бестселер“, „Супернацбест“ итн. Неговите дела се вклучени како задолжителна или препорачана литература во наставните програми на пет руски универзитети. Најпознати негови дела се: „Грев“, „Чевли полни со жешка вотка“, „Сањка“, „Дојдов од Русија“, „Патологии“ и „Црниот мајмун“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 182.
  2. Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 182.