Млади и невини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Млади и невини (англиски: Young and Innocent) е британски филм од 1937 година, во режија на Алфред Хичкок (Alfred Hitchcock), а по сценарио на Џозефин Теј (Josephine Tey) и Чарлс Бенет (Charles Bennett). Главните улоги ги толкуваат: Нова Пилбим (Nova Pilbeam), Дерик Де Марни (Derrick De Marney) и Едвард Ригби (Edward Rigby).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Една филмска ѕвезда е најдена мртва на плажа и за убиството е обвинет Роберт (го игра де Марни). За време на полициското сослушување, тој се онесвестува при што му помага Ерика (ја игра Пилбим), ќерката на шефот на полицијата. Подоцна, Роберт успева да побегне и ја убедува Ерика да му помогне да докаже дека тој не е убиецот. Ерика му помага да се скрие од полицијата, а потоа заедно го бараат скитникот Вил (го глуми Ригби), кој го поседува клучниот доказ за невиноста на Роберт - неговиот мантил. Полицијата дознава дека Ерика му помага на осомничениот и за да ја заштити, Роберт се предава. Скитникот Вил се сеќава дека мантилот му го дал еден човек кој често трепка со очите и тој и Ерика одат да го најдат во хотелот „Гранд“. Таму, убиецот е откриен, со што Роберт докажува дека е невин.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rotten Tomatoes - Young and Innocent (1938)
  2. Антена, број 843, 22.8.2014, стр. 18.