Алдо Нади

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олимписки медалист

Медали
Мечување во машка конкуренција[1]
Златен медал - прво место Антверпен 1920 Флорет (екпино)
Златен медал - прво место Антверпен 1920 Меч (екипно)
Златен медал - прво место Антверпен 1920 Сабја (екипно)
Сребрен медал – второ место Антверпен 1920 Сабја (поединечно)
Алдо и Недо Нади во двобој. Кан, 1935 г.

Алдо Нади (италијански: Aldo Nadi; 29 април 1899 - 10 ноември 1965) — италијански мечувалец кој важи за најголемиот на сите времиња.

Се родил во мечувалско семејство во Ливорно, Италија. Со брат му Недо се занимавале со мечувалство уште од многу мали нозе. Го изучувале спортот во стилот на класичната италијанска школа кај татка си, мечувалецот Бепе Нади, и обајцата веќе во тинејџерските години освојувале натпревари. Иеко Недо освоил повеќе златни медали (Недо освоил 6, а Алдо освоил 3), Алдо се сметал за подобар. Меѓу неговите противници бил и прочуениот француски мечувалец Лисјен Годен.

Во 1920 г., на возраст од 21 година, на олимпијадата Надо освоил златни медали во флорет—екипно, меч—екипно и сабја—екипно. Освоил и сребрен медал во сабја—поединечно. Тогаш златниот медал го земал брат му Недо Нади.

Надо се преселил во САД во 1935 г. Бил инструктор по мечување во Њујорк од 1935 до 1943 г. Во 1943 г. издал книга „За мечувалството“ (On Fencing). Во 1943 г. се преселил во Лос Анџелес, каде продолжил да подучува мечување во свое училиште, а покрај тоа вежбал и глумци за филмски сцени со мечување.

Во 1955 Нади ја напишал својата автобиографија „Живиот меч: Автобиографија на еден мечувалец“ (The Living Sword: A Fencer's Autobiography), издадена 30 години по неговата смрт. Ова го постигнал уредникот Ланс Лобо, а на крајот на делото стоел и поговор од Надиевиот ученик Вилијам М. Гоглер — мечувалски мајстор во стилот на италијанската школа.

Нади починал во сон во неговиот дом во Лос Анџелес на 10 ноември 1965 г.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Nadi, Aldo (1994). On Fencing. Sunrise, FL: Laureate Press. ISBN 1-884528-04-X.
  • Nadi, Aldo (1995). The Living Sword: A Fencer's Autobiography. Sunrise, FL: Laureate Press. ISBN 1-884528-20-1.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Олимписки резултати на Алдо Нади“. sports-reference.com. Архивирано од изворникот на 2012-01-30. Посетено на 20 април 2010. (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]