Црква „Св. Атанасиј“ - Беранци
Свети Атанасиј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Беранечка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°09′26.5″N 21°21′23.1″E / 41.157361°N 21.356417°E |
| Место | Беранци |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Атанасиј Александриски |
| Изградба | 1849 |
| Завршено | 1868 |
| Архитектонски опис | |
Свети Атанасиј — црква во селото Беранци.[1] Црквата се наоѓа во југозападниот дел од селото, на височина која ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото, од десната страна на патот кој води до Беранечкиот манастир.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во 1868 година, но била целосно разрушена во Првата светска војна, по што била обновена во 1924 година и најпосле во 1988 година.[2]
Нејзиниот покрив бил обновен во 2022-23 година.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен на западната страна, а над него има ниша со фреска во застаклена рамка на која е прикажан Атанасиј Александриски. Споредниот влез се наоѓа на јужната страна и над него има празна ниша. На јужната страна има и два квадратни прозорци кои се распоредени во иста висина, по еден од обете страни на споредниот влез. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, споменик и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и во нејзиниот горен дел има по една монофора на секоја страна. Покриена е со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Јужната страна
- Јужната и источната страна
- Западната страна
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Споменикот
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 10. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Беранци Архивирано на 29 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Атанасиј“ - Беранци на Ризницата ?


