Црква „Св. Никола“ - Добромири
Свети Никола/Свети Талалеј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Новачка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°04′07.7″N 21°27′13.4″E / 41.068806°N 21.453722°E |
| Место | Добромири |
| Општина | Новаци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола/Свети Талалеј |
| Завршено | 1886 1926 (обновена) 1951 (обновена) |
| Живопис | 2001 |
| Архитектонски опис | |
Свети Никола или Свети Талалеј – главна селска црква во селото Добромири.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1886 година, по што била разрушена и обновена во 1926 година, а дообновена во 1951 година. Внатрешноста била зографисана во 2001 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е правоаголна со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна. Храмот има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со застаклена фреска на којашто е прикажан Свети Талалеј. Непосредно пред главниот влез на црквата се издига камбанаријата којашто во горниот дел има по една отворена монофора на секоја страна. Внатрешноста на храмот е делумно зографисана, а во горните делови од ѕидовите се закачени ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот има еден ред со икони над ѓаконските порти и царските двери, но бројни икони се закачени и во неговите долни делови.
Во дворот на црквата се наоѓаат селските гробишта и помошен објект.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Камбанаријата
- Внатрешноста
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Добромири Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Добромири на Ризницата ?


