Црква „Св. Димитриј“ - Добровени
![]() ![]() Свети Димитриј
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Краварско-бачка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°56′55.3″N 21°35′53.2″E / 40.948694°N 21.598111°E |
Место | Добровени |
Општина | Новаци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитрија Солунски |
Завршено | 1886 1927 (обновена) |
Архитектонски опис |
Свети Димитриј – главна селска црква во селото Добровени.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на влезот од селото, на десната страна од патот којшто води од селото Бач, на возвишение коиешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во 1886 година. Во Првата светска војна била разрушена до темел, по што била обновена на старите темели во 1927 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажан Свети Димитрија Солунски.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над оградата во нејзиниот североисточен агол. Градена е од камен и е отоврена во нејзиниот горен дел во висина на ѕвоното. Покриена е со лимен кров.
Српски воени гробишта
[уреди | уреди извор]Веднаш до селските гробишта во дворот на црквата се сместени и српски воени гробишта. Имено, за време на Првата светска војна, во селото Добровени имало воена болница, па починатите војници биле погребувани на различни места во близина на селото. По завршувањето на војната, гробовите биле префрлени на нивното денешно место и на тој начин настанале гробиштата.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на црквата
-
Влезот
-
Нишата над влезот
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
-
Гроб во дворот на црквата
-
Српските воени гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Добровени
- Преспанско-пелагониска епархија
- Битолско архијерејско намесништво
- Краварско-бачка парохија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Добровени Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Димитриј“ - Добровени на Ризницата ?