Облаковска Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Облаковска Планинапланина во југозападниот дел на Македонија, сместена во близина на градот Битола. На падините на планината се сместени селата: Облаково, Снегово, Раштани, Крклино, Лера, Рамна, Кукуречани, Секирани, Стрежево, Братин Дол, Горно Оризари, Драгожани, Ново Змирново, Српци и Драгарино. Облаковска планина има планинска клима. На неа е застапена разновидна флора и фауна.

Меѓу најзастапените билки се вбројуваат: мајчина душица, ковил, кантарион, овчарска торбичка, кокиче и други видови.

Од фауна се среќаваат видовите: мечка, волк, зајак, лисица, орел, врабец, сокол, смок и други.