Вангел Стевановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вангел Вељанов Стевановски (14 јануари 1927 во Крстоар, Битолско — 27 април 1945 во Уљаник, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Вангел Вељанов Стевановски е роден на 14 јануари 1927 година во селото Крстоар. Се занимавал со земјоделство. Во НОБ влегол во составот на Четиринаесеттата македонска бригада. Учествувал во борбите што се воделе на Сремскиот фронт. Загинал во една борба против непријателот на 27 април 1945 година во Уљаник.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)