Црква „Св. Петар и Павле“ - Крстоар

Координати: 40°59′33″N 21°20′53″E / 40.99250° СГШ; 21.34806° ИГД / 40.99250; 21.34806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Петар и Павле

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°59′33″N 21°20′53″E / 40.99250° СГШ; 21.34806° ИГД / 40.99250; 21.34806
Место Крстоар
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Петар и Павле
Изградба 1890
Живопис 1896
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Петар и Павле — главна селска црква во битолското село Крстоар.[1]

Околу црквата се сместени и селските гробишта.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на црквата

Црквата е сместена на влезот во селото Крстоар.

Историја[уреди | уреди извор]

Од мермерната плоча сместена над главниот влез на западната страна на црквата може да се распознае годината 1890, што се претпоставува дека е времето на изградба на црквата.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата претставува мала трикорабна градба со полукружна апсида на источната страна и затворен трем на јужната страна. Врз југозападниот агол на храмот се издигнува мала купола, во која се наоѓа и црковната камбанарија.[2]

Во внатрешноста на црквата се влегува низ нартексот, кој е издвоен од средишниот дел со преграда. Наосот е поделен на три кораби со два реда од по три столбови.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис во црквата има на сводот од средниот кораб и во олтарниот простор. Истиот бил насликан во 1896 година и на почетокот на XX век.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Иконостасот во црквата е составен од три реда на икони. Престолните икони се дело на Димитар Анастасов од селото Магарево, кои ги работел во 1891 година.[2]

Царските двери, влезните врати во олтарниот простор, како и дел од иконите во горните редови, од 1906 година, се творби на Коста Николов од селото Лазарополе. Негови се и иконите на амвонот, кој е поставен на еден од северниот ред на столбови.[2]

Занимливост[уреди | уреди извор]

Од неколку престолни икони поставени на иконостасот во црквата може да се дознае дека селото Крстоар кон крајот на XIX век било именувано како Христофор.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 16 ноември 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]