Црква „Св. Ѓорѓи“ - Српци
Изглед
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Ресенско |
| Парохија | Прва ресенска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°5′7″N 21°12′38″E / 41.08528°N 21.21056°E |
| Место | Српци |
| Општина | Битола |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Изградба | 1831 |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи (позната и како Свети Ѓорѓија) — главна селска црква во битолското село Српци, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во Долното Маало на селото.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Според натписот на црквата била подигната во 1831 година,[2] а обновена во 1924 година.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е еднокорабна градба со припрати на три страни (запад, север и југ). Состојбата на црквата е лоша при што се забележуваат подземна влага, дилатација на плафон и прокиснување на апсидата. На црквата претходно бил обновен тремот и била малтерисувана фасадата.[3]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Нема податоци кога е насликан живописот, но истиот се наоѓа во катастрофална состојба, особено во олтарниот простор. Потребни се итни мерки за конзервација и реставација.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Натпис над влезот во црквата
- Камбанаријата на црквата
- Фреска над влезот во црквата
- Поглед на црквата
- Гробишта во црквата
- Помошен објект
- Спореден влез
- Поглед на црквата
- Ниша над споредниот влез
- Споредниот влез
- Припратата (југ)
- Апсидата
- Припратата (запад)
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Припратата (север)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 252. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- 1 2 „Св. Ѓорѓи“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2026-05-29.


