Тоде Ѓорески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 4 август 1924
Горно Српци,  Кралство Југославија
Починал 23 јуни 1993
Битола,  СР Македонија
Националност Македонец
Занимање писател, новинар, библиофил


Тоде Ѓорески, (Горно Српци, 4 август 1924Битола, 23 јуни 1993) — македонски писател, новинар и библиофил.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тоде Ѓорески е роден во с. Горно Српци на 4 август 1924 година. Неговото семејство до 1918 година го носело презимето Иванови, во време на Кралство Југославија се преименувани во Ѓореѓевиќ, а по 1945 година во Ѓорески. Омраам Микаел Аиванов им е близок роднина. Основно образование стекнал во с. Горно Српци. Учесник е (партизан) во Втората светска војна, ранет бил во околината на Винковци, Хрватска. По војната, завршил Учителска школа - Скопје а потоа Филозофски факултет - Скопје, (студиска група - југословенска книжевност и македонски јазик),Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје.

Работа[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Учителската школа во Скопје, извесен период работи како педагошки работник. Подоцна е наименуван за директор на градската библиотека во Битола, денес Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (Битола). Од 1964 година е избран за галавен и одговорен уредник на еден од најстарите весници во СР Македонија - Битолски весник[1].

Творештво[уреди | уреди извор]

Како долгогодишен главен и одговорен уредник, на еден од најстарите весници во Р. Македонија, Битолски Весник, пројавува активна новинарска дејност, реализирајќи бројни осврти, прикази, коментари, критички согледби , оставајќи богат новинарски опус во сите журналистички жанрови, со аналитичен, сериозен и професионален пристап. Еден е од доајените на битолското новинарство.[2].

Објавувал и новинарски дописи во белградскиот весник „Борба“ и сараевскиот „Ослобоџење“. Сепак, негов главен опус и определба е литературата и книжевното творештво. Бил одличен познавач на светската современа литература. Иако неговиот литературен опус не е обемен, тој создал, специфичен литературен израз во кој инсистирал на синтетичност, лирска, интимна поетика, избегнувајќи ја еднолиниската наративност а потенцирајќи ја психолошката и емотивна, внатрешна стварност. Особено внимание обрнувал на стилистиката, јазичната инвенција, ритамот. Неговите дела содржат екстрат, кој што значи корелација и продолжување на литературниот универзум на Иван Бунин, Исак Бабел и др. Во 1971 година, ја објавил книгата , збирка раскази - „Војна“[3]. Во 1980 година ја објавил книгата, збирка раскази - „Патеки“[4]. Застапен е во неколку анталогиски избори објавени на македонски и српски јазик.

Библиофилство[уреди | уреди извор]

Забележлива е и неговата работа во популаризацијата, собирањето, одржувањето, формирањето на издавачка продукција и посебноте негување на книжниот фонд во Битола. Како главен и одговорен уредник на Битолски весник ја создава издавчката дејност во самата новинска куќа, при што биле издаени бројни книжевни дела од истакнати домашни и странски автори (една од првите издавачки куќи во внатрешноста на Р.Македонија).Во рамките на ова, бил и еден од уредниците и издавачи на списанието за литература и култура „Развиток“. Заедно со неколкумина културни работници, во 1967 година го иницираат создавањето и отварањето на првото триенале на југословенската графика, кое од 1994 година, ќе прерасне во едно од поистакнатите меѓународни гарфички манифестации.[5].

Зачувал и собрал бројни книжевни дела со кои го подигнал книжниот стандард на Битола[6].

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на наградата 4. Ноември, на Битола (1971 година - Совет на Општина Битола), од областа на литературното остварување. Добитник е на наградата на Сојузот на здружението на новинари, на СФР Југославија за придонес во ангажирано и актуелно новинарство, Белград - Savez novinara Jugoslavije, 1982 година.Бројни признанија и дипломи од областа на библиотекарството, новинарството, литературата...

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]