Црква „Св. Никола Долни“ - Ротино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола Долни
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Кукуречанска
Местоположба

Карта

Координати 41°3′24″N 21°12′33″E / 41.05667° СГШ; 21.20917° ИГД / 41.05667; 21.20917Координати: 41°3′24″N 21°12′33″E / 41.05667° СГШ; 21.20917° ИГД / 41.05667; 21.20917
Место Ротино
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1870
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен
Стил преродбенички

Св. Никола Долни (или Св. Талалеј)[1] — главна црква во битолското село Ротино, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА

Црквата се наоѓа на сретселото. Изградена е во 1870 г.[2] врз темелите на старо црквиште. Нејзината изградба ја потпомогнал влашкиот род Пиниковци, преселници од Магарево.[1] За време на Првата светска војна на ова подрачје се воделе жестоки битки и црквата тешко пострадала. По војната таа е обновена и преосветена.[2] Внатрешноста на храмот е живописана од мајсторот Златко Лечковски, родум од Ротино.[3]

Храмот е мала трикорабна градба со полукружен средиштен свод и полукружна апсида на исток, со шест лажни столба кои образуваат слепи ниши. Иконостасот датира од повоената возобнова. Од стариот црковен инвентар е зачувана само една икона. Во дворот на црквата пред влезот е изградена нова камбанарија.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Aнтропогеографска проучавања, во: Српски етнографски зборник, т. 45. САНУ. стр. 234. ISBN 86-7025-267-8.
  2. 2,0 2,1 „Цркви и манастири во Националниот парк Пелистер“. Bitola Tourist Info. Архивирано од изворникот на 2017-09-11. Посетено на 11 јуни 2017.
  3. „Средновековните фрески се' уште ми се најголемите учители“. Утрински весник. 8 април 2016. Посетено на 11 јули 2017.[мртва врска]
  4. „Св. Никола – црква во село Ротино“. Bitola.info. Посетено на 8 јануари 2020.