Дане Петковски
| Дане Петковски | ||
| Роден | 25 декември 1922
Брусник, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 2005
Белград, Србија, Србија и Црна Гора | |
| Занимање | генерал-полковник | |
Дане Петковски (Брусник, Битола, 25 декември 1922 - Белград, 2005) — учесник во Народноослободителната борба и генерал-полковник на ЈНА.
Животопис
[уреди | уреди извор]Петковски е роден на 25 декември 1922 година во битолското село Брусник. Се приклучил на Народноослободителното движење во 1941 година. За време на војната, тој бил заменик политички комесар на баталјон и бригада и политички комесар на дивизија. Станал член на Комунистичката партија на Југославија во 1943 година.
По војната бил командант на дивизија и воено подрачје, началник на управа во Сојузниот секретаријат за народна одбрана и помошник сојузен секретар за национална одбрана.
Завршил Виша партиска школа „Ѓуро Ѓаковиќ“, Виша воена академија и Воената школа на ЈНА.
За член на ЦК на СКЈ бил биран од Осмиот до Единаесеттиот конгрес на СКЈ .
Починал во 2005 година во Белград.
Носител е на Партизанска споменица од 1941 година. и повеќе југословенски одликувања.
Литература
[уреди | уреди извор]- Воена енциклопедија (книга шест). Белград 1973 г години.
- Македонска енциклопедија (книга втора). МАНУ, Скопје 2009 година
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Дане Петковски на Ризницата ?