Вис (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вис
Vis Bisevo satelite.gif
Сателитска слика на Вис и Бишево
Географија
МестоЈадранско Море
Координати43°02′N 16°09′E / 43.033° СГШ; 16.150° ИГД / 43.033; 16.150Координати: 43°02′N 16°09′E / 43.033° СГШ; 16.150° ИГД / 43.033; 16.150
Површина89,72 км2
Највисоко издигнување587 м
Највисока котаХум
Управување
Хрватска
ЖупанијаСплитско-далматинска
Најголема населбаВис (pop. 1,920)
Демографија
Население3,460 (2011)
Локација на островот Вис во Јадранско Море
Градот Вис

Вис (старогрчки: Ἴσσα; латински: Issa, италијански: Lissa) е мал хрватски остров во Јадранското Море. Тој е најодалечен населен остров од хрватското крајбрежје, и е одвоен од копното 45 километри.

Површината на островот изнесува 89,72 км2. До островот има редовна бродска линија од Сплит два до четири пати дневно, а во летниот период има линија и до Анкона во Италија.

Вкупната должина на брегот на Вис изнесува 84,9 км.

Околу островот има повеќе мали острови, островчиња и гребени (Бишево, Будиковац, Брусник, Јабука, Равник, Светац и др.).

Највисока точка на островот е Хум која се наоѓа на 587 m надморска височина. Двете најголеми населени места на островот се градот Вис, на источната страна (според кој островот го добил името), и Комижа, на западниот брег.

Клима[уреди | уреди извор]

Островот има медитеранска клима, но бидејќи е далеку од копното и е осамен на морската широчина, тој е изложен многу повеќе на јаки ветрови отколку другите острови во Јадранското Море.

Население[уреди | уреди извор]

Комижа, Вис

Бројот на населението, според последниот попис од 2001 година, изнесувал 3637 жители. Најголем број на жителите (околу 94%) се изјасниле дека се Хрвати. За време на австроунгарската власт, во 1900 година, на островот живееле 10.000 жители.

Поголеми населби се Вис, кој има 1776 жители, и Комижа, која има 1532 жители. Другите населби се наоѓаат повеќе во внатрешноста, долж стариот пат Вис- Комижа: Подсеље, Подшпиље, Подстражје, Подхумље и Жена Глава.

На југоистчниот дел од островот се следните населби: Милна, Бргујац и Рукавац.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Вис е поврзан со копното, во летен период, со мал хидроавион од типот DHC-6 Twin Otter, кој поаѓа од Сплит, а авиопревозникот е European Coastal Airlines. Со Сплит постои и редовна морска линија со траект и катмаран. Вис има асфалтирана патна мрежа, а единствено местото Оклучна, во северозападниот дел на островот, не е поврзано со асфалтен пат со другите места на островот.

Историја[уреди | уреди извор]

Островот Вис бил населен од најстаро време.

Во антиката го населувале античките Грци и Римјани и од тој период потекнува и името на островот.

Во раниот среден век, Вис бил во склоп на старохрватската држава. После тоа бил под власт на Млетачката република, за време на чие владеење бил нападнат од Каталонците, кои биле во служба на неаполскиот крал, и кои островот потполно го разрушиле и ограбиле. За одбрана биле изградени утврдувања во местата Кут и Лука, од кои подоцна никнал современиот град Вис.[1] Во времето на Наполеон, Вис бил под француска управа, дури едно време на власт биле и Англичаните, а тогаш за првпат во Хрватска се играло крикет. По падот на Наполеон и на Млетачката република, на Вис дошле Австроунгарците. Вис тогаш станал дел од царската покраина Далмација, а кога Австро-унгарија се поделила, Вис им припаднал на Австријците. Во 1866 година, во близина на Вис се одвивала т.н. Вишка битка, помеѓу кралството Италија и Хабсбуршката монархија, во која Австроунгарците победиле и со тоа било сопрено ширењето на Италија на Вис и цела Далмација.

Вис во 20 век[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на Австро-унгарија, Вис бил окупиран од Италијаните (1918 - 1921 година), а потоа влегол во состав на Кралството СХС. Според Лондонскиот договор (1915 година) островот им бил ветен на Италијаните. Италијанската војска се повлекла од островот, бидејќи според неофицијални извори Анте Трумбиќ, застапникот на Вис, успеал во преговорите Вис да го размени за островот Ластово. За време на Кралството СХС (потоа Југославија) се правеле обиди од страна на власта во Белград, со разни начини на убедување, да се покрсти населението во православие, што на крај завршило со неуспех.[2]

Во Втората светска војна, Италијаните го окупирале Вис во 1941 година и почнале да спроведуваат политика на италијанизација на населението. После капитулацијата на Италија, во 1943 година, власта ја презеле партизаните, а Јосип Броз Тито се засолнил на островот, по десантот на Дрвар, во јуни 1944 година. Сѐ до ослободување на Белград, Вис бил седиште на партизанската власт и сојузничките воени сили. Во социјалистичка Југославија, островот бил затворен за странци поради својата стратешка положба сѐ до 1989 година. На островот тогаш постоеле околу 30 разни војни објекти. Островот бил напуштен од ЈНА на 30 мај 1992 година, шест месеци по меѓународното признавање на Хрватска.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во 19 век и првата половина на 20 век бил развиен риболовот и индустријата за конзервирање риби (пред Втората светска војна на Комижа имало седум такви фабрики). Во внатрешноста било развиено лозарството, а во 1910 година една третина од обработливата земја била под лозови насади. Виното од Вис било извезувано главно во Хабсбуршката монархија.

Занимливости[уреди | уреди извор]

Од природните убавини се издвојуваат Зелената пештера на Равник и Краличина пештера на Вис и Модрата пештера која се наоѓа на соседниот остров Бишево, а од историските знаменитости, интересна е Титовата пештера, и реновираниот споменик на загинатите морнари во битката кај Вис.

По распадот на Австро-унгарија во 1918 година, Вис требале да го земат Италијаните, но со знаењето и умешноста на Анте Трумбиќ, хрватскиот политичар и некогашен австроунгарски застапник за Вис, овој остров сепак влегол во состав на Кралството Југославија како дел од Хрватска.

На островот се наоѓаат убави заливи, како што е на пример Стинива.

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kratka povijest Visa“. www.tz-vis.hr. конс. 2018-12-21. 
  2. Mladineo, Goran (2008 г). Primjer vjerskog pragmatizma: prijelaz viških težaka na pravoslavnu vjeru izmeðu dva svjetska rata. „RADOVI – Zavod za hrvatsku povijest“ том  40. 

Надворшни врски[уреди | уреди извор]