Емануел Макрон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Емануел Макрон
Emmanuel Macron
Emmanuel Macron during his meeting with Vladimir Putin, June 2017.jpg
25. претседател на Франција
Стапува
14 мај 2017
Претходник Франсоа Оланд
Копринц на Андора
Стапува
14 мај 2017
Премиер Антони Марти
Representative Жан-Пјер Иг
Претходник Франсоа Оланд
Министер за економија, индустрија и дигитални работи
На должноста
26 август 2014 – 30 август2016
Премиер Мануел Валс
Претходник Арно Монтебур
Наследник Мишел Сапен
Лични податоци
Роден(а) Емануел Жан-Мишел Фредерик Макрон
21 декември 1977 (1977-12-21) (воз. 39 г.)
Амјен, Франција
Партија Напред! (En Marche!)(2016–до денес)
Други припадности Независен политичар (2009–2016)
Социјалистичка партија (2006–2009)
Сопружник Брижит Троње (2007–досега)
Родители Жан-Мишел Макрон
Франсоаз Ногес-Макрон
Установа Париз X Нантер
Политички науки
Вероисповед католичка
Потпис

Емануел Макрон (француски: Emmanuel Macron), (Амјен, 21 декември 1977) – француски политичар, јавен службеник и поранешен инвестициски банкар, избран за претседател на Француската Република на 7 мај 2017 година.

Кратка биографија[уреди | уреди извор]

Студирал филозофија на универзитетот Париз Нантер, а во 2004 година дипломирал на Националната школа за администрација. Станал финансиски инспектор во Инспекторатот за финансии на Франција, а подоцна станал инвестициски банкар.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Бил член на Социјалистичката партија од 2006 до 2009 година и за време на првата влада на Франсоа Оланд, во 2012 година, бил назначен за заменик секретар пред да стане Министер за економија, индустрија и дигитални работи за време на втората влада на Мануел Валс,[1]кога тој протуркал реформи наклонети за бизнисот. Макрон дал оставка во август 2016 година[2] за да поднесе социјал-либерална[3][4][5] кандидатура на претседателските избори 2017.[6] Во ноември 2016 година, Макрон објави дека на изборите ќе биде под знамето на „Напред!“ (En Marche!), движење кое тој го основа во април 2016 година.

Претседател на Франција[уреди | уреди извор]

Макрон се квалификувал за вториот круг на избори во првиот круг на 23 април 2017 година. Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика. [7][8]Со своите 39 години, тој е најмладиот претседател во француската историја и најмлад француски водач на држава после Наполеон. [9][10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sylvie Corbet and Elaine Ganley « French gov't reshuffle expels dissident ministers » , Associated Press, 26 August 2014
  2. EN DIRECT - Macron évite soigneusement d'évoquer sa candidature“, Le Figaro, 30 август 2016. (на fr)
  3. „Emmanuel Macron: portrait d'un social-libéral - L'Hebdo“. http://www.hebdo.ch/hebdo/cadrages/detail/social-liberal. конс. 23 февруари 2017 г. 
  4. Devecchio, Alexandre (31 август 2016). „"Le social-libéralisme d'Emmanuel Macron représente... 6% du corps électoral"“. http://www.lefigaro.fr/vox/politique/2016/08/31/31001-20160831ARTFIG00281-le-social-liberalisme-d-emmanuel-macron-represente-6-du-corps-electoral.php. конс. 23 февруари 2017 г. 
  5. „La démonstration de force du social-libéral Emmanuel Macron“. 10 декември 2016. http://www.marianne.net/demonstration-force-du-social-liberal-emmanuel-macron-100248542.html. конс. 23 февруари 2017 г. 
  6. Macron quits to clear way for French presidential bid“, BBC, 30 август 2016.
  7. Plowright, Adam (7 мај 2017). „Emmanuel Macron: a 39-year-old political prodigy“. MSN. http://www.msn.com/en-us/news/world/emmanuel-macron-a-39-year-old-political-prodigy/ar-BBAPpLW?ocid=News. 
  8. En direct, Emmanuel Macron élu président : " Je défendrai la France, ses intérêts vitaux, son image "“, 7 мај 2017 (конс. 7 мај 2017 г).
  9. Schnur, Dan. „Anger underlying French elections is roiling California too“. http://www.sfchronicle.com/news/article/Anger-underlying-French-elections-is-roiling-11108051.php. конс. 7 мај 2017 г. 
  10. http://www.reuters.com/article/us-france-election-macron-profile-idUSKBN1830XP

Надворешни врски[уреди | уреди извор]