Блерим Река
Изглед
| Блерим Река | |
|---|---|
| Лични податоци | |
| Националност | Македонец |
| Народност | Албанец |
| Партија | Независен |
| Образование | Универзитет на Југоисточна Европа |
| Занимање | професор, дипломат |
Блерим Река (22 мај 1960 во Скопје) — македонија универзитетски професор по меѓународно право и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори од 2019. Река дипломирал на Правниот факултет при универзитетот во Приштина, а докторирал на универзитетот во Грац. Во периодот 2006–2010 бил македонски амбасадор во Европската Унија. Река бил декан на факултетот за јавна администрација при универзитетот на Југоисточна Европа, како и проректор на истиот универзитет. Поднел кандидатура како независен кандидат за претседателските избори во 2019 година со поддршка на Алијанса за Албанците и Движење Беса.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Анкета на јавното мислење — За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори? Магазин.мк (11 март 2019)