Мерсиха Смаиловиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мерсиха Смаиловиќ

Мерсиха Смаиловиќ — хуманитарна работничка и активистка за еманципација на муслиманската жена.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мерсиха Смаиловиќ е родена 1984 г. во Скопје. Нејзиното семејство е од Санџак, Р. Србија, а се доселуваат во Скопје во 50-тите години. Дипломирала при универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2008 година и е единствената студентка која носела марама на Правниот факултет. Уште во своите рани средношколски денови е активна во невладиниот сектор каде наоѓа простор да се бори за етаблирање на хуманизмот во рамките на општествената социјализација. Со запишувањето на правните студии, активизмот го насочува кон женските муслимански кругови. Моментално работи како правен консултант, во компанијата во која е соосновач, Нахла Консалтинг и е претседател на Здружението за жени ЕДУ НИСА.

Иницијатива против забраната за сликање со марама за лични документи[уреди | уреди извор]

Во 2007 година Мерсиха Смаиловиќ активно учествува во покренувањето на иницијатива за остранување на забраната стара 60 години, со која не им се дозволуваше на жените да имаат слика со марама во личните документи. Акцијата заврши успешно, а укинувањето на забраната е од круцијално значење и претставува историски моментум во општествениот развој. Од тогаш, активно се занимава со заштитата на муслиманките од секаков вид дискриминација.

Хуманитарна активност[уреди | уреди извор]

Како членка на НВО Еду Ниса, учествува во бројни хуманитарни кампањи како донирањето на медицинска апаратура за детската клинка во Газа, Палестина, потоа покренувањето на хуманитарната акција за ублажување на хуманитарната катастрофа во Сомалија, во чиј склоп, како претставник од Р.Македонија, го посетува најголемиот бегалски камп во светот, Дадаб, Кенија, кој е населен со повеќе од 1 милион Сомалиски бегалци. Мерсиха е дел од повеќе хуманитарни акции како на локално, национално, така и на интернационално ниво. Во 2013 година како еден од организаторите, учествува во собирањето на помош за децата бегалци од Сирија, каде беа обезбедени значителни финансиски средства со кои се купија 1600 бебешки пакети наменети за сириските деца.

Активизам за еманципација на жената муслиманка[уреди | уреди извор]

Учествувала во бројни телевизиски емисии каде зборувала за улогата на жената муслиманка во општеството, за проблемите со кои се соочуваат муслиманките во социјалната средина, залагајки се за општествена афирмација на новите принципи за развој на мултиетнички дијалог и колаборација. Таа е пионир на 21-от век во борбата за надминување на интерактивните разлики помеѓу различните етникуми и борец против наметнатите предрасуди и стереотипи за жената муслиманка. Одржала повеќе од 100 предавања во организации, клубови, џамии и на разни семинари каде зборувала за еманципацијата, едукацијата и афирмацијата на муслиманката. Има преведено неколку книги за исламот на македонски јазик, а исто така и е еден од преведувачите на Благородниот Куран на македонски јазик.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

[1] [2]

  1. http://www.utrinski.mk/?ItemID=0EB05120E66E1E4DAE20EEF07A609777[мртва врска]
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-07.