Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар - Егеј - Пирин
ТМОРО-ВЕП
Штаб Скопје, Република Македонија
Идеологија десница
конзервативизам
национализам
Бои црвена и жолта
Знаме
Tmoro-vep.png
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Татковинска македонска организација за радикална обнова - Вардар, Егеј, Пирин-Преспа (ТМОРО-ВЕП) — македонска политичка партија со десна и национална ориентација. Името на партијата упатува на историската македонска револуционерна организација - ТМОРО.

Изборното собрание партијата го одржала на 27 октомври 2007 година, на коешто за претседател на партијата е избран Страшо Ангеловски, долгогодишен претседател на поранешната МААК - Конзервативна партија.

Програмски заложби[уреди | уреди извор]

Во своите програмски документи ТМОРО-ВЕП се заложува за ревизија на вештачките граници меѓу Република Македонија и поробените делови на македонската држава. Односно, главните цели на партијата се враќање на статусот на Република Македонија како национална држава на македонскиот народ и ревизија на Букурешкиот мировен договор т.е. обединување на Македонија. Според манифестот на партијата, единствената можна иднина на македонскиот народ е преку обидот за создавање на Обединета Македонија како македонска национална држава, што треба да биде крајна цел на македонската национална стратегија, по создавањето на правна, економски развиена и стабилна Република Македонија.

Изборни резултати[уреди | уреди извор]

За прв пат ТМОРО-ВЕП учествува на парламентарните избори 2006 година, при што во сите шест изборни единици кога освоила само 744 гласови или 0,08% од вкупниот број гласови.

На предвремените парламентарни избори во 2008 година, ТМОРО-ВЕП освои 4.319 гласови или 0,44% од вкупниот број важечки гласови.

На локалните избори 2009 година ТМОРО-ВЕП настапи во коалиција со ВМРО-Демократска партија. За советничките листи на оваа коалиција гласаа 15.147 избирачи, а коалицијата доби 12 советнички места.[1]

На парламентарните избори 2011 година ТМОРО-ВЕП настапи како дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Наводи[уреди | уреди извор]