Мендух Тачи
Мендух Тачи | |
---|---|
![]() | |
Пратеник во Собрание на Република Македонија | |
На должноста | |
Стапил 2002 | |
Претседател | Борис Трајковски Бранко Црвенковски Ѓорге Иванов Стево Пендаровски Гордана Сиљановска-Давкова |
Премиер | Бранко Црвенковски Никола Груевски Зоран Заев Димитар Ковачевски Христијан Мицкоски |
Претседател на Демократската партија на Албанците | |
На должноста | |
Стапил 30 јуни 2007 | |
Претходник | Арбен Џафери |
Лични податоци | |
Роден(а) | 3 март 1965 Тетово, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | Демократската партија на Албанците |
Занимање | политичар |

Мендух Тачи (албански: Menduh Thaçi; Тетово, 3 март 1965) — македонски политичар и претседател наДемократската партија на Албанците во Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тачи е роден во Тетово на 3 март 1965 година.[1] По матурирањето тој се запишува на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Приштина, каде што студирал стоматологија. Тогаш млад и амбициозен Тачи се вратил во својот роден град и се вовлекол во политиката.
Со распадот на Југославија, во Македонија се интензивираат албанските политички движења. Прва е формирана Партијата за демократски просперитет (ПДП), во која влегува и Тачи. Но, веќе во 1993 година, партиското радикално крило, ја напушта партијата и формира нова политичка сила, кој подоцна беше именувана како Демократската партија на Албанците. Нивен водач бил Арбен Џафери, а заменик Мендух Тачи. Во 1998 година, по парламентарните избори, ДПА влегува во парламентот, и со тоа Тачи како заменик. Во 2006 година неговата партија се приклучува на владината коалиција. Во новоизбраниот парламент Тачи е член на комисијата за одбрана и безбедност. Поседува голем имот во Приштина и тој исто така е еден од главните финансиери на неговата партија.
Покрај политиката, тој продолжува да се интересира и понатаму за медицината. Во неговото слободно време тој чита посебна литература и класиката. Има одлично познавање на македонски и на францускиот јазик. Женет е, има два сина[2]. Во повеќе наврати е пратеник во Собранието на Македонија. За време на пратеничкиот состав 2008-2012 е претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска. На 23 декември 2016 година поднел оставка од функцијата претседател на ДПА.[3] На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор за предметот „Титаник 2“ на СЈО.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Мандух Тачи“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-03.
- ↑ ЭХО планеты ИТАР-ТАСС
- ↑ [https://web.archive.org/web/20161223174610/http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=0C0F0ABD9816B14AA08DF309552ECFF4 Архивирано на 23 декември 2016 г. Мендух Тачи поднесе оставка од ДПА, 23 декември 2016, Дневник]