Арбен Џафери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Арбен Џафери
Arben Xhaferi
Претседател на ДПА
На должноста
1997–2007
Претходник
Наследник Мендух Тачи
Пратеник во Собранието
На должноста
1994–2012
Лични податоци
Роден(а) 24 јануари 1948
Тетово, Македонија
Починал(а) 15 август 2012
Скопје, Македонија
Партија ДПА

Арбен Џафери (албански: Arben Xhaferi; 24 јануари 1948 во Тетово15 август 2012 во Скопје) — македонски политичар.

Биографија[уреди | уреди извор]

Џафери бил роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Завршил Филозофски факултет. До 1990 работел за радио и телевизиските станици во Приштина, Косово како главен уредник на Културната програма. Бил претседател на ПДП во Македонија од 18 април 1995, а потоа лидер на Демократската партија на Албанците до 2007. На вторите парламентарни избори во Македонија бил избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА.[1] Познат е по своите контроверзни и радикални изјави за државното уредување и правата на Албанците во Македонија.[2][3]

Во 2001 година бил потписник на Охридскиот рамковен договор. Од здравствени причини, во 2007 се повлекол од активната политика. По претрпен мозочен удар, Џафери починал на 15 август 2012 година во Скопје.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Арбен Џафери“ (на македонски). Собрание на Република Македонија. http://www.sobranie.mk/?ItemID=BD653BE2F9237B4088C9B9DE771EEB8D. посет. 2 ноември 2009 г. 
  2. Арбен Џафери го спореди Груевски со Милошевиќ“, Дневник (посет. 2 ноември 2009 г). (на македонски)
  3. Ќе го повлечам потписот од Рамковниот. Дневник, 12 април 2010.
  4. Динев, Александар (15.08.2012 - 16:57). „Попладнево почина Арбен Џафери“ (на македонски). Сител. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/popladnevo-pochina-arben-dzaferi. посет. 15 август 2012 г.