Демократска партија на Албанците
Демократска партија на Албанците | |
|---|---|
| Водач | Мендух Тачи |
| Основач | Арбен Џафери |
| Основана | 4 јули 1997 |
| Штаб | Тетово |
| Идеологија | Заштита на правата на Албанците |
| Бои | црвена, црна |
| Собрание | 1 / 120 |
| Општини | 0 / 80 |
| Мрежно место | |
| gurra-pdsh.org/ | |
| Знаме | |
| Политика на Република Македонија Политички партии Избори | |
Демократската партија на Албанците (ДПА) е политичка партија на етничките Албанци во Македонија[1]. Основана е на 4 јули 1997 во Тетово со обединувањето на Партијата за демократски просперитет на Албанците (ПДПА) и Народната демократска партија (НДП). ПДПА е основана во 1994 откако порадикалните членови на Партијата за демократски просперитет (ПДП), на чело со Арбен Џафери и Мендух Тачи, се отцепија од матичната партија, додека НДП е основана во август 1990 како порадикален конкурент на ПДП. Партијата е регистрирана по пет години од своето основање, во 2002 година.[2] Прв водач на ДПА бил Арбен Џафери, кого на 30 јуни 2007 година го замени Мендух Тачи.[3]
Изборни резултати
[уреди | уреди извор]Парламентарни избори
[уреди | уреди извор]На изборите во 1998 година, ДПА освои 11 мандати. По изборите влезе во коалиционата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и учествуваше во владата до 2002 година. На парламентарните избори во 2002 година ДПА освои 5,2% од гласовите и 7 мандати во Собранието и премина во опозиција. На парламентарните избори во 2006 година ДПА освојува 7,5% од гласовите и 11 мандати и повторно влегува во владата. На предвремените парламентарни избори во 2008 година, ДПА повторно добива 11 мандати, а на предвремените парламентарни избори во 2011 година - 8 пратеници. По предвремените парламентарни избори во 2008 година ВМРО-ДПМНЕ го прекинува традиционалното партнерство со ДПА и формира коалиција со најголемата албанска партија во парламентот ДУИ. Оттогаш ДПА е во опозиција.
| Година на избори | Водач | Број на гласови | % на гласови | Број на мандати | +/– | Влада |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1998 | Арбен Џафери | 11 / 120 |
ВМРО-ДПМНЕ–ДА–ДПА | |||
| 2002 | 64,025 | 5.35 | 7 / 120 |
▼ 4 | Опозиција | |
| 2006 | 70,261 | 7.50 | 11 / 120 |
▲ 4 | ВМРО-ДПМНЕ–ДПА-НСДП | |
| 2008 | Мендух Тачи | 81,557 | 8.26 | 11 / 120 |
▬ 0 | Опозиција |
| 2011 | 66,315 | 5.90 | 8 / 123 |
▼ 3 | Опозиција | |
| 2014 | 66,393 | 5.92 | 7 / 123 |
▼ 1 | Опозиција | |
| 2016 | 30,964 | 2.60 | 2 / 120 |
▼ 5 | Опозиција | |
| 2020 | 13,930 | 1.53 | 1 / 120 |
▼ 1 | СДСМ-ДУИ-ДПА | |
| 2024 | Коалиција предводена од ДУИ | 1 / 120 |
▼ 1 | Опозиција |
Претседателски избори
[уреди | уреди извор]ДПА имала свои кандидати на четири претседателски избори и тоа во 1999, 2004, 2009 и 2014. Ниеден кандидат од оваа партија не успеал да освои мнозинство во првиот круг.
- Муарем Неџипи (1999, 155.978 гласови, 15,0%)
- Зуди Џелили (2004, 78.714 гласови, 8,7%)
- Мируше Хоџа (2009, 30.225 гласови, 3,06%)
- Илјаз Халими (2014, 38,966 гласови, 4,48%)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Blagoja Nineski (2001). Izborite mediumite i partiite vo Makedonija: 1990-2000. NIP "Studentski zbor“.
- ↑ „Џафери ја регистрираше ДПА без промени во статутот“, „Дневник“
- ↑ „Мендух Тачи – нов водач на ДПА“[мртва врска], „Макфакс“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на ДПА (на албански јазик) Архивирано на 3 јуни 2013 г.