Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски парламентарни избори, 2008
120 мандати во Собранието 61 места за мнозинство
Регистрирани
1.779.116
Излезност
57.06% ▲ 1,08%
Прва партија
Втора партија
Трета партија
Водач
Никола Груевски
Радмила Шеќеринска
Али Ахмети
Партија
ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ
ДУИ
Последни избори
45 мандати
32 мандати
17
Освоени места
63
27
18
Промена во местата
▲ 18
▼ 5
▲ 1
Добиени гласови
481.501
233.284
126.522
Удел
48,78%
23,64%
12,82%
Четврта партија
Водач
Мендух Тачи
Партија
ДПА
Последни избори
11
Освоени места
11
Промена во местата
▬
Добиени гласови
81.557
Удел
8,26
Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.
Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дошла веднаш по самитот на НАТО кој се одржал во Букурешт 2008 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците , додека опозициските СДСМ и ЛДП гласале против.
На изборите победи коалицијата За подобра Македонија , предводена од ВМРО ДПМНЕ . Во Собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 со само еден пратеник.
На 26 јули 2008 година е изгласана новата влада , составена од министри од ВМРО ДПМНЕ , од коалициските партнери во коалицијата За подобра Македонија и од ДУИ , како партија со најголема поддршка кај албанскиот електорат.
Гласачките места биле отворени од 07:00 до 19:00 часот.
Биле избирани 120 пратеници по пропорционален метод. Резултатите биле пресметувани по Донтова формула .
Од 6 изборни единици биле избирани по 20 пратеници.
Биле запишани 1.779.116 избирачи во избирачкиот список, или 37.667 повеќе во однос на 2006 година.
Имало 1.540 кандидати за пратеници.
Поднесени биле 18 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувале 41 партија. Од нив, 14 настапиле самостојно, а 27 во коалициите За подобра Македонија и СОНЦЕ. Коалиција за Европа .
Коалиција За подобра Македонија (ВМРО ДПМНЕ , Социјалистичка партија на Македонија , Демократски сојуз , Демократска обнова на Македонија , Демократска партија на Турците на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, ВМРО - Македонска, Обединета Партија за Еманципација, Партија на Правдата, Странка на Демократска Акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за Интеграција на Ромите, Народно Движење за Македонија, Бошњачка Демократска Партија, Партија на Зелените, Демократска Унија на Ромите, Работничко Земјоделска Партија на Р Македонија, Партија за Целосна Еманципација на Ромите).
СОНЦЕ. Коалиција за Европа (Социјалдемократски сојуз на Македонија , Нова социјалдемократска партија , Либерално демократска партија , Либерална партија на Македонија , Нова Алтернатива, Зелена Партија на Македонија, Партија на пензионерите на Р Македонија, Демократски Сојуз на Власите од Македонија)
Демократска унија за интеграција
Демократска партија на Албанците
Партија за европска иднина
Партија за демократски просперитет
Демократска унија на Албанците
Социјалдемократска партија на Македонија
Партија на слободни демократи
Радикална странка на Србите во Македонија
ТМОРО-ВЕП
Движење за национално единство на Турците
Сојуз на Титови леви сили
ВМРО – Демократска партија
ТМРО
Национална демократска унија
Група избирачи Панчо Минов
Група избирачи Пецо Грујовски
Според анкетите спроведени од 11 април до 15 април од вкупно 1.108 граѓани на Република Македонија , ВМРО-ДПМНЕ имала рејтинг од 29%, наспроти СДСМ со 11%, ДУИ со 10% и ДПА со 7%.
Политички партии и коалиции
Гласови
%
+/-
Мандати
%
+/-
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.)
481.501
48,78
+14,43
63
52,5
▲ 17
СОНЦЕ. Коалиција за Европа (СДСМ и др.)
233.284
23,64
-5,71
27
22,5
▼ 12
Демократска унија за интеграција
126.522
12,82
+0,70
18
15,0
▲ 1
Демократска партија на Албанците
81.557
8,26
+0,76
11
9,2
▬
Партија за европска иднина
14.474
1,47
+0,27
1
0,8
▬
Партија за демократски просперитет
7.213
0,73
ДУИ
0
0
▼ 3
Демократска унија на Албанците
6.484
0,66
+0,22
Социјалдемократска партија на Македонија
6.406
0,65
-0,19
Партија на слободни демократи
4.362
0,44
+0,44
Радикална странка на Србите во Македонија
4.326
0,44
+0,29
ТМОРО-ВЕП
4.317
0,44
+0,36
Движење за национално единство на Турците
3.782
0,38
+0,31
Сојуз на Титови леви сили
3.758
0,38
+0,05
Група избирачи Панчо Минов
2.744
0,28
-0,36
ВМРО – Демократска партија
2.335
0,24
+0,11
ТМРО
1.856
0,19
+0,02
Национална демократска унија
1.651
0,17
-0,29
Група избирачи Пецо Грујовски
449
0,05
+0,05
Вкупен одзив 57,06%
1.015.164
100.0
-11,46
120
100.0
Извор: Државна изборна комисија [мртва врска ] Собрание на Република Македонија
Распределбата на мандатите по партии е следната:
Резултати по изборни единици
Изборна единица
ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ
ДУИ
ДПА
ПЕИ
Гласови
%
Гласови
%
Гласови
%
Гласови
%
Гласови
%
ИЕ 1
85,805
49.86%
41,679
24.22%
23,229
13.50%
11,413
6.63%
1,937
1.13%
ИЕ 2
76,627
48.44%
27,693
17.51%
28,885
18.26%
13,878
8.77%
661
0.42%
ИЕ 3
112,155
65.35%
51,418
29.96%
2,710
1.58%
554
0.32%
ИЕ 4
106,660
59.95%
61,981
34.84%
2,355
1.32%
ИЕ 5
77,366
49.74%
39,109
25.14%
15,361
9.88%
9,888
6.36%
7,669
4.93%
ИЕ 6
22,888
15.09%
11,404
7.52%
56,337
37.15%
45,824
30.22%
1,852
1.22%
Вкупно
481,501
38.98
233,284
23.64
126,522
12.82
81,557
8.26
14,474
1.47
Извор: ДИК
Освоените мандати по изборни единици се следните:[ 1]
Изборна единица
ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ
ДУИ
ДПА
ПЕИ
Вкупно
ИЕ 1
11
5
3
1
0
20
ИЕ 2
11
3
4
2
0
20
ИЕ 3
14
6
0
0
0
20
ИЕ 4
13
7
0
0
0
20
ИЕ 5
11
5
2
1
1
20
ИЕ 6
3
1
9
7
0
20
Вкупно
63
27
18
11
1
120
Извор: ДИК [ 2]
↑ Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2008-2011, 11 стр.
↑ https://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/Konecni.pdf