Радмила Шекеринска
Радмила Шекеринска | |
---|---|
Официјален портрет (2020 г.) | |
Министерка за одбрана | |
На должноста 1 јуни 2017 – 17 јануари 2022 | |
Претседател | Ѓорге Иванов |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Зоран Јолевски |
Наследник | Славјанка Петровска |
Премиерка на Македонија вршител на должност | |
На должноста 18 ноември 2004 – 17 декември 2004 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Хари Костов |
Наследник | Владо Бучковски |
Вицепремиерка за евроинтеграции | |
На должноста 12 мај 2004 – 2 јуни 2004 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Бранко Црвенковски |
Наследник | Хари Костов |
На должноста 1 ноември 2002 – 27 август 2006 | |
Премиер | Бранко Црвенковски Хари Костов Владо Бучковски |
Наследник | Габриела Конеска Трајковска |
Лични податоци | |
Роден(а) | 10 јуни 1972 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | СДСМ |
Сопружник | Божидар Јанковски |
Деца | 1 |
Установа | Скопски универзитет Универзитет Тафтс |
Радмила Шекеринска Јанковска (10 јуни 1972 во Скопје) — македонска политичарка, поранешна министерка за одбрана на Република Македонија и премиерка.[1]
Во ноември 2024 г. Шекеринска е незначена за Заменик-генерален секретар на НАТО.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Радмила Шекеринска магистрира на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година. Шекеринска има дипломирано на електротехничкиот факултет во Скопје во 1995. Во текот на 1996 година работи како асистент за односи со јавност во Институтот Отворено општество Македонија. Од 1997 до 2002 работи како асистент на Електротехничкиот факултет.
Зборува англиски и француски јазик и исто така е автор на повеќе научни и стручни трудови од својата област. Добитник е на наградата “Глобални Водачи на Утрешнината“ што ја доделува светскиот економски форум.
Политички функции
[уреди | уреди извор]Од 1993 година Шекеринска е избрана за член на ЦО на СДСМ во неколку мандати. Од 1995 е член на претседателството на ЦО на СДСМ, а во 1999 година е избрана за потпретседател на ЦО на СДСМ и за меѓународен секретар на партијата. Во периодот 1995 - 1999 година, ја врши функцијата претседател на СДММ, а во 1997 - 1998 година е и портпарол на СДСМ. Подоцна е избрана за потпретседател на Партијата, а на 5 ноември 2006 година е избрана и за претседател на Партијата.
Од 1996 до 1998 година Шекеринска е член на Советот на Град Скопје. Во 1998 е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во овој период ги врши функциите: заменик-координатор на Пратеничката група на СДСМ, член на комисијата за надворешна политика, член на комисијата за образование и наука, член на комисијата за животна средина, млади и спорт, член на делегацијата во Интерпарламентарната унија (УПИ) и член на пратеничката група за соработка со Европскиот парламент.
Во 2002 година повторно е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 до 2006 година е заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжена за Европска интеграција и Координација на странската помош.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-07-11. Посетено на 2017-06-06.
- ↑ NATO. „NATO Secretary General appoints Radmila Shekerinska as next Deputy Secretary General“. NATO (англиски). Посетено на 20 ноември 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Радмила Шекеринска на мрежното место на Владата на Република Северна Македонија. Архивирано на 12 јануари 2022.
- Радмила Шекеринска Јанковска на мрежното место на Министерството за одбрана на Република Северна Македонија. Архивирано на 12 јануари 2022.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Зоран Јолевски |
Министер за одбрана на Македонија 2017–2022 |
Наследник Славјанка Петровска |
Претходник — |
Вицепремиер за евроинтеграции 2002–2006 |
Наследник Габриела Конеска Трајковска |
Партиски функции | ||
Претходник Владо Бучковски |
Претседател на СДСМ 2006–2008 |
Наследник Зоран Заев |
|
|
|
|
|
- Родени во 1972 година
- Луѓе од Скопје
- Политичари од СДСМ
- Премиери на Македонија
- Вицепремиери на Македонија
- НАТО
- Состав на Владата на Република Македонија од 2002
- Состав на Владата на Република Македонија од 2004
- Пратенички состав 1998-2002
- Пратенички состав 2006-2008
- Пратенички состав 2008-2011
- Пратенички состав 2011-2014
- Пратенички состав 2016-2020
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“