Македонски парламентарни избори (2006)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонски парламентарни избори, 2006
Македонија
2002 ←
5 јули 2006 → 2008

120 мандати во Собранието
61 места за мнозинство
Регистрирани 1.741.449
Излезност 55.98%
  Прва партија Втора партија Трета партија
  Gruevski.jpg Buckovski May 2006.jpg Ali Ahmeti.jpg
Водач Никола Груевски Владо Бучковски Али Ахмети
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ
Последни избори 33 мандати 60 мандати 16 мандати
Освоени места 45 32 17
Промена во местата 12 28 1
Добиени гласови 303.543 218.164 113.522
Удел 32,5% 23,3% 12,12%

  Четврта партија Петта партија Шеста партија
  Ljubco Georgievski.jpg
Водач Арбен Џафери Тито Петковски Љупчо Георгиевски
Партија ДПА НСДП ВМРО-НП
Последни избори 7 - -
Освоени места 11 7 6
Промена во местата 4 7 6
Добиени гласови 70.261 56.624 57.077
Удел 7,50% 6,04% 6,09%

Премиер пред избирањето

Владо Бучковски
СДСМ

Избран за Премиер

Никола Груевски
ВМРО-ДПМНЕ

Парламентарните избори 2006 година се одржани на 5 јули 2006 година, кој беше прв термин за редовни избори. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која подоцна и формира влада.

По изборите, мандатот за формирање на нова влада му беше даден на лидерот на победничката партија Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за премиер на владата. Во составот на владата влегоа претставници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП. Владата ја поддржаа и ДОМ и ПЕИ, кои сепак не добија министерски места. ВМРО-НП гласаше за владата, но не учествува во владината коалиција.

Парламентарните избори 2006 година, заедно со парламентарните избори 1998 година беа најрегуларни избори организирани по воведувањето на повеќепартиски, демократски избори во 1990 година.[се бара извор] Ова прашање беше суштинско на овие избори, бидејќи сè освен целосно регуларни избори ќе ѝ пречеа на Република Македонија на патот кон членство во Европската Унија.

Учесници на изборите[уреди | уреди извор]

За учество на изборите се пријавија 33 кандидатски листи, од кои 31 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи.

Поголеми партии (и коалиции предводени од нив) што учествуваа на изборите се:

Од помалите политички партии и коалиции на изборите учествуваа:

Кандидатска листа од група избирачи беше пријавена во четвртата изборна единица, предводена од Панчо Минов, и во петтата, предводена од Ќирчо Ташков.

Гласачки одзив[уреди | уреди извор]

Гласачкиот одзив беше 56,0% што е убедливо најнизок процент на гласачи на досегашните парламентарни избори. На овие избори излегоа цели 17% помалку гласачи во однос на претходните парламентарни избори. Драстичниот пад на гласачкиот одзив во голема мера се должи на разочараноста на македонските граѓани од политичките партии и нивниот капацитет да ја извлечат земјата од кризата, но во одредена мера се должи и на фактот што изборите и предизборната кампања се одвиваше во текот на Светското првенство во фудбал. Дека и тоа имало влијание покажуваат и парламентарните избори во Словачка, кои исто така се одржаа во текот на Светското првенство и каде се забележа сличен пад на гласачкиот одзив, од 70,0% на 54,7%.

Изборни резултати[уреди | уреди извор]

На изборите победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 45 пратенички мандати. Следи коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ со 32 мандати, коалицијата ДУИ-ПДП освои 17, ДПА - 11 мандати, Нова социјалдемократска партија 7, ВМРО-Народна партија 6, Демократска обнова на Македонија 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат.

Политички партии и коалиции Гласови % +/- Мандати % +/-
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) 304.572 32,50 +3,47 45 37,5 12
За Македонија заедно (СДСМ и др.) 218.463 23,31 -18,27 32 26,7 28
ДУИ, ПДП и ДЛБ 113.522 12,12 -2,31 17 14,2 1
Демократска партија на Албанците 70.261 7,50 +2,15 11 9,2 4
ВМРО-Народна партија 57.077 6,09 +6,09 6 5,0 6
Нова социјалдемократска партија 56.624 6,04 +6,04 7 5,8 7
Демократска обнова на Македонија 17.364 1,85 +1,85 1 0,8 1
Партија за економска обнова 12.718 1,36 +1,36
Земјоделска народна партија на Македонија 12.628 1,35 +1,35
Партија за европска иднина 11.255 1,20 +1,20 1 0,8 1
Демократска алтернатива 11.067 1,18 -0,28
Социјалдемократска партија на Македонија 8.226 0,88 +0,59
Група избирачи Панчо Минов 6.008 0,64 +0,64
Национално демократска партија 4.325 0,46 -1,75 1
Нови демократски сили и Демократска Алијанса на Албанците 4.117 0,44
Национална Алтернатива 3.325 0,35
Сојуз на титови леви сили 3.071 0,33
Демократска републиканска унија на Македонија 2.745 0,29
Лига за демократија 2.663 0,28
Македонска Партија 2.311 0,25
Останати 10.747 1,10
Вкупен одзив 55,98% 974.891 100 120 100
Извор: Државна изборна комисија Собрание на Република Македонија

Освоени мандати по политички партии[уреди | уреди извор]

Распределбата на мандатите по партии е следната:

Партија/коалиција Мандати +/-
Коалиција За подобра Македонија ВМРО ДПМНЕ 38 10
Социјалистичка партија на Македонија 3 2
Либерална партија на Македонија 2 3
Демократски сојуз 1 1
Сојуз на Ромите од Македонија 1 1
За Македонија заедно Социјалдемократски сојуз на Македонија 23 26
Либерално демократска партија 5 6
Демократска партија на Турците 2 2
Обединета партија на Ромите 1 1
Демократска партија на Србите 1 1
ДУИ, ПДП, ДЛБ Демократска унија за интеграција 14 2
Партија за демократски просперитет 3 1
Демократска партија на Албанците 11 4
ВМРО-Народна партија 6 6
Нова социјалдемократска партија 7 7
Демократска обнова на Македонија 1 1
Партија за европска иднина 1 1
Вкупно 120

Освоени мандати по изборни единици[уреди | уреди извор]

Освоените мандати по изборни единици се следните:[1]

Партија/коалиција ИЕ 1 ИЕ 2 ИЕ 3 ИЕ 4 ИЕ 5 ИЕ 6 Вкупно
Коалиција „За подобра Македонија“ 7 7 10 11 8 2 45
Коалиција „За Македонија заедно“ 5 5 7 7 6 2 32
ДУИ и ПДП 2 3 0 0 2 10 17
ДПА 2 2 0 0 1 6 11
НСДП 2 2 1 1 1 0 7
ВМРО НП 1 1 2 1 1 0 6
ДОМ 1 0 0 0 0 0 1
ПЕИ 0 0 0 0 1 0 1
Вкупно 20 20 20 20 20 20 120

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2006-2008, 4 стр.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]