Комунистичка партија на Македонија (1992)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Комунистичка партија на Македонија
ВодачТодор Пеливанов
Основана1992
Распуштена2007
ШтабСкопје
Идеологијакомунизам, марксизам-ленинизам
Меѓународна припадностнема
Европска припадностнема
Боицрвена

Комунистичката партија на Македонија (КПМ) - поранешна политичка партија во Република Македонија. Основана е во април 1992, а пререгистрирана е на 12 септември 1993 година. Избришана е од регистарот на политички партии во 2007. Претседател на партијата бил Тодор Пеливанов.

Партијата се сметала себеси за продолжувач на делото на Сојузот на комунистите на Македонија и се залагала за како што сметале „Воспоставување на добриот живот кој го имаше македонскиот човек за време на социјализмот, во споредба со денешниот“.

По донесувањето на измените во Законот за политичките партии во 2007 година,[1] КПМ не успева да се пререгистрира.

Во ноември 2015 година поранешното членство и поддржувачи на КПМ се вклучиле во формирањето на нова политичка партија Левица.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Согласно Законот за политичките партии, од 2007 година политичка партија можат да основаат (т.е. регистрираат) најмалку 1.000 граѓани на Република Македонија кои имаат избирачко право и кои го дале својот потпис за основање само на една политичка партија.
  2. Покана за прес – Формирање на „ЛЕВИЦА“