Изборна единица 1
Изборната единица 1 е една од шесте изборни единици во Македонија. Оваа изборна единица опфаќа општини од Град Скопје и северна и западна Македонија. На парламентарните избори од оваа изборна единица се избираат дваесет пратеници за Собранието на Македонија.
Општини[уреди | уреди извор]
Изборната единица 1 опфаќа територија на 9 општини:[1]
- Општина Аеродром
- Општина Кисела Вода
- Општина Центар
- Општина Карпош
- Општина Чаир (дел)
- Општина Сарај
- Општина Студеничани
- Општина Сопиште
- Општина Македонски Брод
Вкупен број на гласачи[уреди | уреди извор]
- 2002: 279.593
- 2006: 290.584
- 2008: 295.917
- 2011: 302.864
- 2014: 297.686
Наводи[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |