Социјалистичка партија на Македонија
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Социјалистичка партија на Македонија | |
|---|---|
| Водач | Љупчо Димовски |
| Основана | 22 септември 1990 |
| Штаб | Скопје |
| Младина | Млади социјалисти на Македонија |
| Идеологија | социјалдемократија, марксизам-ленинизам |
| Полит. положба | Левица |
| Меѓународна припадност | нема |
| Европска припадност | нема |
| Бои | црвена, жолта |
| Собрание | 2 / 120 |
| Општини | 1 / 80 |
| Мрежно место | |
| http://www.spm.org.mk | |
| Политика на Република Македонија Политички партии Избори | |
Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) е партија која себеси се одликува како партија со социјалистичка ориентација. Нејзин основоположник и прв претседател е Киро Поповски, a водач е Љупчо Димовски.
Историја на партијата
[уреди | уреди извор]СПМ е основана на 22 септември 1990 година. Таа е правен наследник на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.
Првиот конгрес на Партијата се одржа во јуни 1991 година и на Конгресот беше усвоена Политичка програма и Статут на партијата. Партијата зема учество во првите плуралистички парламентарни избори во 1990 година и освојува 6 пратеници во Парламентот. На вторите парламентарни избори во 1994 година СПМ настапува во коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Либералната партија, освојува 8 пратенички места и станува четврта партија според бројот на пратеници во Собранието. Партијата партиципира во Владата со тројца министри и еден потпретседател на Собранието.
На Вториот конгрес на СПМ, кој се одржа во јули 1995 година, на местото на првиот претседател Киро Поповски, за претседател на партијата е избран Љубисав Иванов - Ѕинго. Неговиот избор за претседател на партијата беше потврден на Третиот конгрес на СПМ во март 2000 година.
По долгогодишното сојузништво со СДСМ, на изборите 2002 СПМ настапува самостојно, освојувајќи 2,1% од гласовите и еден мандат во Собранието. Подоцна, во декември 2003 година, СПМ стапува во коалиција со Демократска алтернатива и со Демократскиот сојуз, наречена „Трет пат“. По повлекувањето на ДА од коалицијата пред локалните избори 2005, СПМ продолжи да биде во коалиција со ДС, а подоцна овие две партии влегоа во изборниот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапија и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори во Македонското собрание беа избрани тројца пратеници од СПМ, и тоа Љубисав Иванов - Ѕинго, Владанка Авировиќ и Зоран Витанов. СПМ беше застапена и во Владата на Никола Груевски со еден министер, Ацe Спасеновски, како министер за земјоделство.
На предвремените парламентарни избори во 2008, СПМ учествува во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и освојува три мандати. Пратеници од СПМ стануваат: Љубисав Иванов - Ѕинго, Владанка Авировиќ и Јован Лазарев. На парламентарните избори во 2011 година СПМ повторно е дел од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и освојува три пратенички мандати.
На парламентарните избори во 2014 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 3 пратенички места.
На парламентарните избори во 2016 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 3 пратенички места.
На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 2 пратенички места.
На парламентарните избори во 2024 година, партијата учествувала во коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и освоила 2 пратенички места.
Раководство на партијата
[уреди | уреди извор]- Љупчо Димовски – претседател
- Васил Анакиев – потпретседател
- Никола Коњановски – потпретседател
- Малиша Станковиќ – генерален секретар
- Жарко Милошевски – извршен секретар
Како дел од СПМ делува и нејзиниот подмладок, Млади социјалисти на Македонија, чиј претседател е Кристијан Ристовски.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на СПМ
- Официјална страница на МСМ (Млади Социјалисти на Македонија) Архивирано на 12 април 2011 г.