Албански сојуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Албански сојуз
Lidhja Shqiptare
ВодачВаљон Беља
Основана28 ноември 2010
Идеологијаекстремен национализам, федерализам, кантонизам
Политичка положбадесница
Боицрвена и црна
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Албански сојуз (албански: Lidhja Shqiptare; LSH) — поранешна десничарска политичка партија во Македонија. Oснована e на 28 ноември 2010 од страна на Ваљон Беља, лидер на тогашната невладина Реалитети, која де факто станала и партија. Партијата го имала за цел кантонскиот модел на демократија.[1] На промоцијата на партијата, Ваљони излегол со радикални залагања за промена на политичкиот систем и за кантонизација на Македонија. Неговите предлози биле Македонија да биде поделена на три кантони - едниот етничко чист албански, другиот македонски и третиот етнички мешан кантон. Но, според упатените, тоа било само обид партијата да привлече поголемо внимание и да се претстави како силен субјект.[2] На 21 февруари 2011 година, партијата официлално се споила во ДПА на Мендух Тачи, со што формално и правно престанала да постои.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Lidhja Shqiptare, parti e re politike në Maqedoni" (албански). shqipmedia. конс. 2011-02-21. 
  2. 2,0 2,1 Унковска, Светлана. „Тачи со Беља ќе го освојува Скопје“, Утрински Весник, понеделник, 21 февруари 2011 (посет. 22 февруари 2011 г). (на македонски)