Стевчо Јакимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стевче Јакимовски)
Прејди на: содржини, барај
Стевчо Јакимовски
Stevco Profuilna slika za Wikipedia.JPG
Градоначалник на Општина Карпош
Роден 27 август 1960
Подржи Коњ, Македонија

Стевчо Јакимовски (р. 27 август 1960 во с. Подржи Коњ, Кривопаланечко) — претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) и градоначалник на Општина Карпош.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

По дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, Стевчо Јакимовски волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје. Во годините кои следуваат, Стевчо Јакимовски влегува во водите на политиката, и оформува своја политичка партија. Јакимовски е поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Стевчо Јакимовски влегува во водите на политиката во 1988 година, како стручно-политички работник во Претседателството на младина на Југославија. Од тогаш, бил на повеќе раководни функции, меѓу кои: министер за економија, министер за труд и социјална политика.

Функцијата градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја вршел во периодот од 2000 до 2003 година, а потоа во 2009 година, повторно е избран за градоначалник на општина Карпош. За време на неговиот мандат како градоначалник, општина Карпош е прогласена за најпосакувана дестинација за живеење, според анкетата на ЦИА спроведена во декември 2011 година. Исто така општината е прогласена за општина со највисока транспарентост (во 2010 година од страна на Форум Аналитика), општина со најголема социјална инклузија (од страна на Институтот „Евро Балкан“ во 2010 година), најтранспарентна општина меѓу 12 општини во државата (од фондацијата ФИООМ и ЦРЛД за периодот 2011-2012), а општина Карпош стана единствена општина-членка на Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн (EHEDG), кое се грижи за контролата и безбедноста на храната во градинките на територијата на целата општина.

Во 2013 година, Стевчо Јакимовски формира политичка партија Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ), со која првпат настапува на претседателските избори во 2014 година, како и на предвремените парламентарни избори во 2014 година.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Стевчо Јакимовски за својата активност е добитник на повеќе меѓународни награди и признанија.

  • „Најградоначалник за Југоисточна и Средна Европа – 2012“, награда доделена од страна на дирекцијата на Агенцијата за избор на најменаџери од Босна и Херцеговина, за Југоисточна и Средна Европа, 5 јули 2012 година, Сараево
  • „Златна плакета за поддршка на претприемништвото“ во регионални рамки, награда доделена од Унијата на претприемачи и занаетчии од Регионот на Јужна Србија, 18 декември 2012, Ниш
  • „Климатска ѕвезда 2016“,[2] наградата доделена од Климатската алијанса, 6 октомври 2016 година, Кремс, Долна Австрија

Наводи[уреди | уреди извор]