Зеќир Рамчиловиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зеќир Рамчиловиќ
Роден(а)16 март 1975
Долно Коњари, Скопско, НР Македонија СР Македонија
Занимањеполитичар, историчар

Зеќир Рамчиловиќ (босанскиː Zećir Ramčilović; Долно Коњари, Скопско, 16 март 1975) - македонски историчар, публицист и пратеник во Македонското Собрание во составот од 2016 година[1] и потпретседател на Собранието од ноември 2019.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Рамчиловиќ е роден во скопското село Долно Коњари на 16 март 1975 година. Toj е историчар и истражувач кој покрај ориенталистика, се занимава со периодот помеѓу двете светски војни во Македонија, како и со процесите врзани за Бошњаците во минатото и денес. Автор е на повеќе научни трудови. Вработен е во Институт за национална историја при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. На Локални избори во Македонија (2013) бил избран за Советник во Општина Петровец од Група граѓани. Рамчиловиќ e Потпретседател на Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија „АВАЗ“. На Парламентарните избори во 2016 година, бил избран за пратеник од АВАЗ во Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Бошњаците во Македонија во текот на XX век, БКЗ, Скопје, 2014 г.;[3]
  • Познати Бошњаци од Македонија, Шадрван, Скопје, 2014 г.;[4]
  • Македонија во Географијата на Ал-Идриси, ИНИ, Диван, Скопје, 2017 г.;[5]
  • Петровец – вчера, денес, утре, Општина Петровец, Диван, Скопје, 2018 г
  • Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик, Диван, Скопје, 2019.[6][7]
  • Надгробни споменици од османскиот период во атарот на Средно Коњари, Скопско, Диван, Скопје, 2019.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ПРАТЕНИЧКИ СОСТАВ
  2. „Зеќир Рамчиловиќ“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2020-01-12.[мртва врска]
  3. Промовирана книгата ,,Бошњаците во Македонија во текот на XX век" од Рамчиловиќ. Архивирано од изворникот на 2020-01-12. Посетено на 2018-04-04.
  4. „Промовирана книгата „Познати Бошњаци од Македонија". Архивирано од изворникот на 2017-05-03.
  5. Промоцијата на книгата „Македонија во Географијата на Ал-Идриси". Архивирано од изворникот на 2020-01-12. Посетено на 2018-04-04.
  6. Group, Clip Media. „Објавена книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик" од Зекир Рамчиловиќ“. A1on. Архивирано од изворникот на 2020-01-12. Посетено на 2020-01-12.
  7. „Објавена книгата „Зборови со персиско потекло во македонскиот јазик" од Зекир Рамчиловиќ“. А1он (англиски). 2019-10-17. Посетено на 2020-01-12.