Мухамед Халили
Мухамед Невзат Халили (алб.: Muhamed Nevzat Halili; Џепчиште, тетовско, 21 февруари 1951) е македонски политичар и еден од главните водачи на ПДП.
Животопис
[уреди | уреди извор]Халили е роден на 21 февруари 1951 горина во тетовското село Џепчиште. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за француски јазик и литература. Работел како професор по француски во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, како член на СКМ бил казнет со опомена. На првите демократски парламентарни избори бил избран за пратеник во 1991 година. Бил министер без ресор во Владата на Македонија од 20 декември 1994 до 23 февруари 1996, а потоа амбасадор на Македонија во Данска (именуван на 16 мај 1996). Учествувал во првиот круг на вторите претседателските избори на 31 мај 1999 година. Моментално е амбасадор во кралството Белгија[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ХАЛИЛИ, Мухамед Невзат“. macedonism.org.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија Архивирано на 7 јануари 2009 г.
|
- Родени во 1951 година
- Луѓе од Џепчиште
- Македонски Албанци
- Пратенички состав 1991-1994
- Македонски политичари
- Амбасадори на Македонија во Данска
- Амбасадори на Македонија во Белгија
- Состав на Владата на Република Македонија од 1994
- Луѓе од Тетово
- Политичари од ПДП
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“