Слободан Унковски
Слободан Унковски | ||
![]() | ||
Роден | 17 август 1948 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
---|
Слободан Унковски (Скопје, 17 август 1948) — македонски театарски режисер, универзитетски професор и политичар.
Режисерска кариера
[уреди | уреди извор]Завршил Театарска академија во Белград, Отсек за режија (1971). Во Драмскиот театар во Скопје работел како драматург и режисер од 1971 г. Од 1990 г. станал редовен професор на Факултет за драмски уметности во Скопје, каде што води класа за театарска режија. Предавал на Отсекот за драма на постдипломските студии по режија на Бруклинскиот колеџ (1987–1988) и на постидпломските студии по режија и актерска игра на Институтот на напредна театарска обука на Харвардскиот универзитет (1988–1989), САД.
Има неколку значајни телевизиски режии: „Сослушување на железничарот“; „Подарок“; „Наши години“; „Бушава азбука“ и др.[1]
Унковски бил режисер на голем број претстави во Македонија и во странство.[2][3] На 24 септември 2014 година, неговата поставка на драмата „Три сестри“ од Чехов, а во реализација на Градскиот театар „Гавела“ од Загреб, била прикажана во Скопје, во склоп на фестивалот „Млад отворен театар“.[4]
Награди
[уреди | уреди извор]Унковски ги има освоено следниве позначајни награди и признанија:
- Награда 13-ти ноември (1975)
- Награда од „Трибина младих" за млад театарски работник/Стериино позорје (1975)
- Награда 11-октомври (1979)
- Златен венец за режија на претставата „Ослободување на Скопје" (1979)
- Стериина награда за Диво месо (1980)
- Награда за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински" за "Среќна нова '49" (1985)
- Стериина награда за режија на претставата „Кула вавилонска" (1990)
- Награда за претставата "Чернодрински се враќа дома" на МТФ „Војдан Чернодрински" (1992)
- Награда за претставата "Демонот од Дебар маало" на Скупи-фест (2007)
- Награда за најдобра претставата „Три сестри" во Хрватска (2014)
- Награда за претставата „Солун - град на духови" во Сараево (2016)
- Орден за заслуги за Македонија (2024)[5]
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Унковски бил министер за култура во Владата на Република Македонија од 1996 до 1998 во владата на Бранко Црвенковски.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македонска енциклопедија, Уновски, Слободан“.
- ↑ „Slobodan Unkovski | A.R.T.“. americanrepertorytheater.org (англиски). Посетено на 2025-01-27.
- ↑ „Slobodan Unkovski | Director, Additional Crew, Writer“. IMDb (англиски). Посетено на 2025-01-27.
- ↑ „Три сестри на Унковски предизвика огромно внимание“, Утрински весник, број 4594, петок, 26 септември 2014, стр. 18.
- ↑ „Жал ми е што не научивме подобро да ја промовираме нашата уметност надвор, кажа режисерот Слободан Унковски на доделувањето на орденот за заслуги“. Сакам Да Кажам. 2024-01-29. Посетено на 2025-01-27.
|