Антони Пешев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антони Пешев
Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија
На должноста
4 септември 1992 – 20 декември 1994
Премиер Бранко Црвенковски
Претходник Александар Лепавцов
Наследник Димитар Бузлевски
Лични податоци
Роден(а) 1962
Скопје
Националност Македонец

Антони Пешев (роден во 1962 година во Скопје) — македонски политичар, Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Антони Пешев е роден во 1962 година во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот универзитет во Скопје по специјалност компјутерска техника и автоматика.

Во периодот од 4 септември 1992 година до 20 декември 1994 година ја извршувал функцијата Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија на Република Македонија. На 18 февруари 2010 година бил избран за потпретседател на Стопанската Комора на Република Македонија[1], додека во 2015 година станал Претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

Претходник
Александар Лепавцов
Министер за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија
4 септември 1992 - 20 декември 1994
Наследник
Димитар Бузлевски