Грбовите на Македонија (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грбовите на Македонија  
АвторАлександар Матковски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Жанр(ови)хералдика, историја
ИздавачЗаедница за издавачка дејност при НИП „Нова Македонија“, Институт за национална историја - Скопје
Издадена1970
Страници219

„Грбовите на Македонија“, напишана од Александар Матковски, претставува првото вистинско македонско хералдичко дело. Печатено е во Скопје во 1970 година.

Во него, на 219 страници, се дадени сите историски податоци за сите грбови на Македонија, почнувајќи од 16 век, па до денес.

Ова дело на Матковски е земено предвид при полемиката за создавање на нов македонски грб со прогласувањето на независноста. Имено, делото е користено како аргумент, бидејќи тоа укажува дека најпригоден симбол за независна Република Македонија е златно-жолт исправен лав на црвена позадина. Овој симбол како грб на Македонците датира од многу одамна, а за прв пат е заведен во историјата во грбовникот на Корениќ-Неориќ од 1595 година (иако има мислења дека тој всушност е и нешто постар, историчарите земаат дека грбовникот датира од некаде помеѓу 1584-1595 година. Сочуваната копија на овој грбовник е од 1595 година.)

Сепак немајќи политички концензус за ова прашање, обидот да се промени грбот на Македонија од социјалистичкиот грб на НРМ односно СРМ, во (историскиот) жолт лав на црвена позадина пропаднал. Само петокраката е отстранета од Грбот на Македонија.

Извадок од делото на Матковски[уреди | уреди извор]

Говорејќи за грбовникот на Корениќ-Неориќ, тој ќе напише:

„ Во грбовникот прво се дадени 11 земски грбови, т.е. „belezi zemalja svetih plemena“, а потоа 140 семејни грбови на разни „војводи, жупани, кнезови, катунари, витези, властелини“ и други. Меѓу земските грбови се наоѓа и македонскиот, на стр. VI. Под грбот пишува „Macedoniae“, а над него со лоша кирилица пишува: „цимери македонске земле“ т.е. „грб на македонската земја“. Амблемот е жолт, исправен лав на црвено поле. Над главата на лавот има мала круна. Над штитот има голема круна. Штитот е германски. “