Бранивое Јовановиќ-Брана

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бранивое Јовановиќ-Брана бил војвода на Српскиот комитет на четничката акција [1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Војводата Брана е роден во близината на Пожаревац. Завршил основно училиште, гимназија во Белград и воена академија. Бил меѓу првите четници кој навлегле во Македонија.

Учествувал во Битката кај Челопек, а тоа му донело популарност меѓу населението. Војводата Брана заедно со Богдан Југовиќ во 1905 година се нашле во селото Петралица.

Меѓутоа некој ги пријавил на Турците и тие ги обиколиле во куќата по што таа била запалена. Војводата Брана и неговите четници изгореле. Следниот ден нивните тела биле извлечени и закопани на селските гробишта. Бранивое Јовановиќ-Брана имал 27 години кога починал, а неговата смрт и смртта на неговите четници долго била пеена меѓу населението. Починал на 30 мај 1905 година.

Меѓу двете светски војни, во Македонија бил популарен драмскиот текст Војводата Брана.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Пешић, Миодраг Д. Стари четници. Крагуевац: Нови Погледи, 2000