Балинт Балаши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Балинт Балаши

Балинт Балаши, (унгарски: Balassi Bálint, 20 октомври 1554 - 30 мај 1594), е ренесансен лирски поет, основач на модерната унгарска лирика.

Животопис[уреди | уреди извор]

Потомок е на едно од најбогатите протестантски семејства во Унгарија, поради што добил одлично образование и зборувал десет јазици. Кога имал петнаесет години, татко му влегол во конфликт со виенскиот двор, поради што Балаши изгубил голем дел од имотот.

По рехабилитацијата на татко му, тој се приклучува на армијата и се бори против Турците кај Егер во североисточна Унгарија. Тука се заљубува во Ана Лошонци, ќерка на темешварскиот капетан, и, според неговите стихови, љубовта му била возвратена. Сепак, по смртта на нејзиниот прв маж, Ана ја дава раката на Криштоф Угњад.

Нормално, Балаши сфаќа колку ја сакал Ана дури откако ќе ја изгуби. Ѝ носи дарови и ѝ пишува стихови, но таа останува верна на својот маж, поради што нему му преостанува само да ја овековечи во своите стихови.

Во 1574 Балинт е ранет и заробен во текот на една битка. Во ропство ги минува следните две години, по што се враќа во Унгарија. Тогаш умира и неговиот татко Јанош.

Во 1584 се венча со својата роднина, Криштина Добо, ќерка на храбриот командант, Иштван Добо од Егер. Ова ќе стане главна причина за неговата несреќа во текот на наредните години. Алчните роднини на неговата жена речиси го доведуваат до банкрот, а кога во 1586 станува католик тие го наклеветуваат, па тој наскоро, заедно со својот син, станува муслиман. Во 1589 оди во Полска за да служи во армијата за следната војна против Турција, која нема да се случи во скоро време, поради што Балаши, во 1591 се враќа во Унгарија. Сепак, три години подоцна, кога конечно ќе отпочне оваа војна, Балаши повторно се приклучува на армијата. Најпосле, смртно ранет во една битка против Турците, умира, читајќи ја Енеида од Вергилиј во 1594 година.

Дела[уреди | уреди извор]

Песните на Балаши може да се поделат во четири категории: религиозни химни, патриотски и витешки песни, љубовни поеми и адаптации со латинско и германско потекло. Сепак, најголем дел од неговите песни се оригинални, а циклусот на песните за Јулија (веројатно неговата Ана), претставува еден од врвовите на унгарската поезија. Автор е и на првите еротски песни во Унгарија, кои се генерации ќе циркулираат преку ракописи, но нема да бидат издадени сè до 1874 година, кога Фаркаш Дејак открива совршена копија од нив во една библиотека. Според нивната убавина и искажана страст, тие стојат на самиот врв на унгарската поезија до доаѓањето на Витез Михај Чоконаи и Шандор Петефи. Балаши е исто така и авторот на еден тип строфа која името ќе го добие според него. Се состои од девет стиха, распоредени во шема a a b c c b d d b, односно три римувани парови, кои наизменично се прекинати од трократната рима што се појавува во третиот, шестиот и деветтиот стих.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]