Лариса Косорукова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Медали
Кану спринт мажи

ИКФ Светски Кану Спринт Шампионати

Бронза 1995 Дисбург
K-2 200 m
Бронза 1998 Шегед
K-4 200 m
Бронза 2002 Севиља
K-2 1000 m

Лариса Косорукова-Песјакович (руски: Лариса Косорукова-Песяхович) (30 мај 1973) е русинка по потекло, израелска кануиста-спринтер која што се натпреваруваше од средината на 1990-тите до средината на 2000-те. Таа освои три бронзени медали на ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати, освојувајќи ги во 1995 (дисциплина:К-2 200 метри за Русија под своето моминско презиме Косорукова), 1998 (дисциплина К-2 1000 метри за Израел под нејзиното сегашно презиме Песјакович), и 2002 (дисциплина К-2 1000 метри за Израел под нејзиното сегашно презиме).

Косорукова-Песјакович исто така се натпреваруваше на три Летни олимписки игри. Натпреварувајќи се за Русија на Летните олимписки игри во 1996, Атланта, таа заврши на седмото место во дисциплината К-4 500 метри и осмо место во дисциплината К-2 500 метри. На олимписките игри во Сиднеј, Косорукова-Песјакович се натпреваруваше за Израел во дисциплината К-2 500 метри, но беше елиминирана во полуфиналето. Таа ја заврши нејзината олимписка кариера на олимписките игри во 2004 завршувајќи на своето најдобро олимписки место (шесто) во дисциплината К-1 500 метри.

Косорукова-Песјакович се пресели во Израел за време на 1998 ИКФ Светските Кану Спринт Шампионати во Шегед.

Наводи[уреди | уреди извор]