Колима (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Колима
Colima volcano.jpg
Вулканот Колима е лево на сликата заедно со Невадо де Колима десно
Највисока точка
Надм. вис.3820-3840 м [1]
Истакнатост600 м [1]
Заведена како
Координати19°30′46″ СГШ; 103°37′02″ ЗГД / 19.512727° СГШ; 103.617241° ЗГД / 19.512727; -103.617241Координати: 19°30′46″ СГШ; 103°37′02″ ЗГД / 19.512727° СГШ; 103.617241° ЗГД / 19.512727; -103.617241[1]
Географија
Матичен венецТрансмексикански Вулкански Појас
Топокартана „Google Maps“
Геологија
Старост на карпата5 милиони години
ВидСтратовулкан[1]
Вулкански лак/појасТрансмексикански Вулкански Појас
Последен избувод 2014 до денес
Искачување
Најлесен патРута 1 [2]
Вулканот Колима се наоѓа на надморска височина од 3,820 м (12,533 стапки); познат како „огнен вулкан“, е дел од вулканскиот комплекс Колима (В.К.К.) кој се состои од вулканот Колима, Невадо де Колима (шпански изговор: [neˈβaðo ðe koˈlima])[3] и еродираниот Ел Кантаро (кој се води како згаснат). Тоа е најмладиот од трите вулкани и еден од најактивните во Мексико и Северна Америка. Има избувнато повеќе од 40 пати сметајќи од 1576 година до денес. Една од најголемите ерупции во историјата на Колима се случила од 20 до 24 јануари 1913 година.[4] Невадо де Колима, познат и како Сапотепетел, лежи на 5 км (3,1 милја) на север од неговиот по активен сосед, и е повисок од двата со висина од 4,271 м (14,015 стапки). Се наоѓа на 26-тото место на листата најистакнати врвови во Северна Америка.[5]

И покрај неговото име, само мал дел од површината на вулканот се наоѓа во државата Колима. Поголемиот дел се наоѓа на другата страна од границата, во соседната држава Халиско, на западниот крај на Трансмексиканскиот Вулкански Појас. Тоа е околу 485 км (301 милји) западно од Мексико Сити и 125 км (78 милји) јужно од Гвадалахара, Халиско.

Од 1869-1878 година, на северо-источниот дел од главниот кратер на вулканот се формирал паразитски сет на лавински куполи, познати како Ел Волканчито.[6]

Геологија[уреди | уреди извор]

Во доцната плеистоценска ера, на планината се случило огромно лизгање на земјиштето, со приближно 25 км³ на остатоци кои патувале со околу 120 км/ч, достигнувајќи до Тихиот океан. Областа од околу 2,200 км² била прекриена со остатоци кои се собирале по лизгањето на земјиштето. Моментално активниот кратер е сместен во голема купа која веројатно била формирана со комбинација на лизгање на земјиштето и големи ерупции. Лавата е андезитска која содржи 56-61% SiO2.[7] Во близина на вулканот живеат околу 300,000 жители, што го прави најопасен вулкан во Мексико.[4] Поради неговата историја на големи ерупции и поради густо населената област, вулканот е прогласен за Декаден вулкан, и е издвоен за проучување.

Еруптивна активност[уреди | уреди извор]

Во последниве години има чести привремени евакуации на населението кое живее во близина на вулканот поради закана од неговата активност. Ерупциите се имаат случувано во 1991 година, 1998-99 година и од 2001 година па се до денеска. Активноста на вулканот се карактеризира со екструзија на вискозна лава која формира купола, со повремени големи експлозии, кои формираат пирокластични текови пропратени со исфрлување на големи количини на пепел и тефра.

Една од најголемите ерупции во последниве години се случила на 24-ти мај 2005 година. Облак од пепел бил исфрлен на висина од 3 км над вулканот, додека сателитски снимки прикажале дека облакот се шири над површина која се протега на 110 морски милји (200 км) западно од вулканот во само неколку часа по ерупцијата. Пирокластичните текови патувале 4-5 км од отворот, додека лава бомби паѓале и до 3-4 км во далечина. Властите формирале зона на исклучување во радиус од 6,5 км од врвот.

17-ти декември 2016 - исфрлање на пепел од вулканот
На 21-ви ноември 2014 година вулканот повторно избувнал. Облак од пепел бил исфрлен на висина од 5 км во воздухот, покривајќи ги населбите кои се наоѓале во радиус од 25 км со пепел. Не биле пријавени жртви, и немало евакуации.[8] Ерупции биле забележани и на 10-ти, 21-ви и 25-ти јануари веќе следната година од кои онаа на 21-ви јануари била најсилна и ги погодила околните населби во радиус од 24 км.[9][10]

На 10-ти јули 2015 година, имало уште една еурпција. Потоа уште една се случила на 25-ти септември 2016 година исфрлајќи пепел и чад над 3000 м во воздухот. Во текот на 2016 година вулканот исфрлал облаци од пепел еднаш до двапати дневно. На 18-ти декември 2016 година имало дури три ерупции. Исфрлениот пепел достигнал далечина и до 2 км во воздухот.[11]

Уште една ерупција се случила во 6:27 мин. на 18-ти јануари 2017 година. Оваа ерупција била пропратена со силна експлозија, и избувнала вулкански пепел до 4 км во височина над кратерот.

Вулканолошки центар[уреди | уреди извор]

Вулканот се следи од Опсерваторијата на Универзитетот Колима, Мексико. Тимот што е задолжен за вулканот го следи, анализира, и интерпретира секој настан што се случува на вулканот. Поставена е веб камера близу до вулканот за да може да се следи во реално време.[12]

Фотографии од вулканот Колима[уреди | уреди извор]



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Вулканот Колима, Мексико“. Peakbagger.com. конс. 13-ти декември 2017.  (англиски)
  2. „Најлесна рута за искачување“. конс. 13-ти декември 2017. 
  3. „The Colima Volcanic Complex, Mexico“ (PDF). Mineralogy and Petrology. конс. 2012-05-04. 
  4. 4,0 4,1 Ritchie, David (2006). Encyclopedia of Earthquakes and Volcanoes. Alexander E. Gates, Ph.D., and David Ritchie. стр. 52. 
  5. „North America Peaks with 2000 meters of Prominence“. Peakbagger.com. конс. 2012-05-03.  (англиски)
  6. „Structure of the Volcancito Dome, Volcan Fuego De Colima, Mexico, Revealed in High Resolution Magnetic Anomalies“. confex.com. 
  7. http://www.geo.mtu.edu/EHaz/ConvergentPlatesClass/Colima/Luhr%20Colima%20andesite.pdf James F. Luhr and Ian S.E. Carmichael, 1980: The Colima Volcanic Complex, Mexico in Contributions to Mineralogy and Petrology, Vol. 71, page 347
  8. Mexican Volcano of Fire spews 5km-high pillar of ash (VIDEOS)“, RT.com, 22 ноември 2014 (посет. 22 ноември 2014 г).
  9. „VIDEO: Mexico’s Colima Volcano spews enormous cloud of ash“. NY Daily News. 
  10. Footage of huge ash plume as Mexico's Colima volcano erupts“, BBC News, 25 јануари 2015 (посет. 27 јануари 2015 г).
  11. Mexico's Colima Volcano Spews Ash, Vapor a Mile Into the Air“, New York Times, 18 декември 2016 (посет. 18 декември 2016 г).
  12. „Volcán de Colima“. www.webcamsdemexico.com. конс. 2017-01-27. 
Литература
  • Domínguez T., Ramírez J.J., Breton M. (2003), Present Stage Of Activity At Colima Volcano, Mexico, American Geophysical Union, Fall Meeting 2003, abstract #V42B-0350

Надворешни врски[уреди | уреди извор]