Везув
Везув | |
---|---|
Monte Vesuvio | |
Поглед на Везув од рушевините на Помпеја. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1281 м |
Друго име | Monte Vesuvio |
Географија | |
Покраина | IT |
Геологија | |
Старост на карпата | 25.000[1] age of volcano = ~ 17.000 години |
Вид | сома |
Вулкански лак/појас | кампаниски вулкански лак |
Последен избув | 1944 |
Искачување | |
Најлесен пат | пешачење |
Везув (италијански: Vesuvio, латински: Vesuvius) — еден од четирите активни вулкани во Италија на истоимената планина. Вулканот се наоѓа на брегот на Неаполскиот Залив во близина на градот Неапол, па населението од овој град е во непријатно исчекување на активирањето на вулканот. Овој вулкан е познат во историјата по големата ерупција од 79 година кога биле погодени и уништени римските градови Помпеја и Херкуланеум. Оттогаш вулканот еруптирал многупати со што предизвикал соодветни штети.
Според Римјаните, планината Везув е посветена на грчкиот митолошки јунак Херакле (Херкул), во чија чест градот Херкуланеум го добил името.
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името на Херкул, син на Зевс често се наоѓа и како Huesou hios (син на Хеј), со транслитерација на ou во V и на неколку други слогови како hy го дава зборот VESVVIVS - Vesuvius Исто така значаен е и зборот од осканскиот јазик festf што значи чад, и праиндискоевропскиот корен ves што значи карпа (најверојатно магматска карпа).
Образување
[уреди | уреди извор]Вулканот се образувал со две тектонски поместувања, на Африка и Евроазија. Претходниот го подбутнал подолу подоцнежниот, а од кората се создала магма. Бидејќи магмата е полесна од карпата, таа се придвижувала нагоре кон послабите места на Земјината кора формирајќи вулкан. Карпите на вулканот коишто постојат денес се стари околу 25.000 години.
Ерупции
[уреди | уреди извор]Вулканот Везув еруптирал повеќепати, а се претпоставува дека неговата прва ерупција била околу 1800 г.п.н.е., уште во бронзеното време. Но, ерупциите на вулканот многу зачестиле по големата ерупција во 79 година кога се претпоставува дека починале 16.000 жители на околните места. Вулканот повторно еруптирал во 172, 203, 222, можеби во 303, 379, 472, 512, 536, 685, 787, околу 860, 900,968, 991, 999, 1006, 1037, 1049, околу 1073, 1139, 1150, како и во 1270, 1347 и 1500. Вулканот повторно еруптирал во 1631, 6 пати во XVIII век, 8 пати во XIX век (познато за 1872), како и во 1906, 1929 и 1944 година кога е најсилната ерупција по таа во 79 година. Ерупцијата во 1944 година предизвикала 49 жртви.
Активност
[уреди | уреди извор]Поважни ерупции | |
Датум | Тип на ерупција |
79 | експлозија |
472 | ефузивно-експлозивен |
512 | непознат |
685 | ефузивен (излив) |
787 | ефузивно-експлозивен |
968 | непознат |
27 јануари 1037 | непознат |
29 мај 1139 | експлозивен |
1500 | експлозивен |
16 декември 1631 | ефузивно-експлозивен |
3 јули 1660 | експлозивен |
1694 | ефузивен |
25 мај 1698 | ефузивно-експлозивен |
28 јули 1707 | ефузивно-експлозивен |
20 мај 1737 | ефузивно-експлозивен |
23 декември 1760 | ефузивно-експлозивен |
1767 | ефузивно-експлозивен |
1779 | експлозивна |
15 јуни 1794 | ефузивно-експлозивен |
1822 | ефузивно-експлозивен |
1834 | ефузивно-експлозивен |
1850 | ефузивно-експлозивен |
1 мај 1855 | ефузивна |
1861 | ефузивно-експлозивен |
15 ноември 1868 | ефузивна |
Иднина
[уреди | уреди извор]Според италијанскиот геолог Франческо Русо, шансите Везув повторно да еруптира во наредните сто години се 27 проценти, а мерките за заштита на населението, според Русо, не се соодветни. Доколку Везув се разбуди, загрозени ќе бидат околу 600 илјади луѓе, кои можеби не би успеале да се евакуираат сите.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Податок од 1944 г.
- „Везув може да се разбуди“, Дневник, сабота, 31 јануари 2009
|