Евроазиска Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Евроазиска Плоча
EurasianPlate.png
Карта на Евроазиската Плоча
Видглавна
Површина67 800 000 км2[1]
Насока1јужно
Брзина17 - 14 мм/год
ОпфаќаЕвропа, Азија, Атлантски Океан, Северен Леден Океан
1Во однос на Африканската Плоча

Евроазиска Плочатектонска плоча која ја опфаќа копнената маса на Евроазија, сочинета од континентите Европа и Азија) со исклучок на Индискиот Потконтинент, Арапскиот Потконтинент и подрачјето на исток од Черските Планини во источен Сибир. Над неа лежи и океанската кора која се протега на запад од Средноатлантскиот и на север од Гекелскиот Гребен.

Источната страна ја образува границата со Северноамериканската Плоча на север, со Филипинската Плоча на југ, а можеби и со Охотската и Амурската Плоча. Јужната страна граничи со Африканската на запад, Арапската во средината и Индоавстралиската Плоча на исток. Западната страна претставува разидувачка граница со Северноамериканската Плоча, образувајќи го најсеверниот дел од Средноатлантскиот Гребен кој минува преку Исланд. Ова разидување е причинителот за вулканската активност на Исланд како избувот на Лаки (1783), Елдфедл (1973) и Ејафјадлајекидл (2010).

За геодинамиката на Средна Азија е одговорно заемодејството помеѓу Евроазиската и Индиската Плоча. На овој простор се утврдени бројни потплочи или блокови од кората кои ги сочинуваат средноазиското и источноазиското преодно подрачје.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Sizes of Tectonic or Lithospheric Plates". Geology.about.com. 2014-03-05. конс. 2015-12-26. 
  2. "Up-to-Date Geodynamics and Seismicity of Central Asia" by Y. Gatinsky, D. Rundquist, G. Vladova, T. Prokhodova