Питија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Уметничка претстава на Питија како седи на троножец, која ја насликал Џон Колијер 1891

Питија (Πῡθία) во грчката митологија била свештеничка Аполонво својот храм во Делфи.

Историја[уреди | уреди извор]

Питија била жена постара од пеесет години, облечена секогаш во девојачки фустан и која живеела одвоено од својот сопруг. Предскажувањето во почетокот ср одвивало седмиот ден од делфскиот месец, кога наводно е роден Аполон, а подоцна еднаш месечно, освен во т.н. несреќните денови и во текот на зимските месеци кога се сметало дека Аполон престојува во земјата на Хиперборејците. Питија своето претскажување го вршела после подготовки кои подразбирале бањање во изворот Касталија и земање на вода од изворот Касиотис. Само претскажувањето го вршела на троножец, жвакајќи листови од Аполонов ловор и вдишувајќи испарувања који се допирале од една пукнатина. Нејзините претскажувања биле неповрзани зборови, од кои потоа свештениците правеле стихови, чие значење било воглавно двосмислено. Прашањата кои ги поставувале луѓето на Питија биле најчесто ви врска со војната, политиката и основање на колонија. Нејзините совети уживале голем углед во целиотантички свет во текот на Старогрчката религија#Архајскиот период.[1]

Митологија[уреди | уреди извор]

Према митот, светилиштето првично припаѓало на Геја,но Аполон го присвоил кога го победил чудовиштето Делфин или Питон кое го чувал.На светилиштето му го посветил троножецот, кој станал негов симбол. Меѓутоа, кога Питија одбила да му претскаже на Херакле, тој го украл троножецот со намера на друго место да направи свое предскажувалиште, што го предизвикало Аполоновиот гнев.[1]

Питија се споменува во митологијата во врска со многу митолошки ликови. Ги советувала жителите на Метапонт да подигнат статуа на богот Аполон и Аристеј, кои тоа и им го наредил.На Егеј му претскажала дека првата жена која ќе ја сретне ќе му роди син, што мудриот крал Питеј го искористил и му ја претставил својата ќерка Етра,да би се ородил со атинскиот крал Кореб ја советувал да понесе троножец и да се насели на место каде тој ќе му испадне од рака. Тоа се случило на ридот Геранија и така е создадена населбата Триподиск.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.