Чистилиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Чистилиште (латински: purgatorium)[1] претставува привремена состојба по физичката смрт во која душата се стекнува со прочистување.[2]

Црковно толкување на чистилиштето[уреди | уреди извор]

Чистилиштето како поим постои во римокатоличката доктрина која тврди дека постои ваквата привремена состојна и дека во процесот на прочистувањето на умрените може да им помогнат молитвите на живите луѓе.[3] Според теолозите и во популарната претстава, чистилиштето е место каде прочистувањето се спроведува со помош на оган, а според Жал Ле Гоф, ваквото сфаќање се појавило во Западна Европа кон крајот на 12 век,[4] но тоа никогаш не било прифатено како официјално толкување на римокатоличката црква. Уште повеќе, папите Јован Павле II и Бенедикт XVI негирале одредени аспекти на ваквото сфаќање на чистилиштето, а останатите христијански цркви ја отфрлаат „римската доктрина во однос на чистилиштето“, иако Православната црква, Источните православни цркви и некои елементи на Англиканската црква и Методистичката црква се согласуваат дека за некои луѓе постои прочистување по смртта и ги прифаќаат молитвите за умрените.[5][6][7][8][9] Јудаизмот, исто така, ја дозволува можноста за прочистување по смртта како начин да го објасни значењето на Гехена.[10]

Чистилиштето во делото на Данте Алигиери[уреди | уреди извор]

Според Данте Алигиери, на влезот во чистилиштето се наоѓа порта која се отвора со клучевите кои св. Петар му ги дал на ангелот-чувар на портата.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Purgatory“, Oxford English Dictionary
  2. Merriam-Webster Dictionary.
  3. "Pius IV Council of Trent-25". www.ewtn.com. 
  4. LeGoff, Jacques. The Birth of Purgatory. Trans. Arthur Goldhammer. Chicago: University of Chicago Press, 1986, стр. 362–366.
  5. Jerry L. Walls (2012). Purgatory: The Logic of Total Transformation. Oxford University Press. стр. 61. ISBN 9780199732296. https://books.google.com/books?id=kFqzG3UPz3EC&pg=PA61. 
  6. Cook, Joseph (1883). Advanced thought in Europe, Asia, Australia, &c. London: Richard D. Dickinson. стр. 41. https://books.google.com/?id=DPAGAAAAQAAJ&q=%22Anglican+orthodoxy+without%22&dq=%22Anglican+orthodoxy+without%22. посет. 10 април 2014 г. „Англиканската црква им дозволила на некои високи свештеници да учат дека постои посредна состојба (Hades) меѓу пеколот (Gehenna) и рајот (Paradise), но со непремостлив залив меѓу нив.“ 
  7. Gould, James B. (4 август 2016) (на англиски). Understanding Prayer for the Dead: Its Foundation in History and Logic. Wipf and Stock Publishers. стр. 57–58. ISBN 9781620329887. „Римокатоличката и Англиската методистичка црква се молат за мртвите.. Методистите кои се молат за умрените на тој начин ги посветуваат на постојаната божја милост.“ 
  8. Gould, James B. (4 август 2016) (на англиски). Understanding Prayer for the Dead: Its Foundation in History and Logic. Wipf and Stock Publishers. стр. 50. ISBN 9781532606014. 
  9. Olivier Clément, L'Église orthodoxe. Presses Universitaires de France, 2006, Section 3, IV.
  10. "www.chabad.org". 
  11. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 8.