Атито
Атито Άφυτος | |
---|---|
Координати: 40°1′N 23°45′E / 40.017° СГШ; 23.750° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Општина | Касандра |
Општ. единица | Атито |
Надм. вис. | 50 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.273 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Атито (грчки: Άφυτος, Афитос) — село во Општина Касандра во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2].
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Атито се наоѓа на 88 километри јужно од градот Солун и на 7 километри јужно од центарот на општината Касандра, на источниот дел од полуостровот Халкидик, на надморска височина од 50 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Антички период
[уреди | уреди извор]Во реонот на Афитос има населба што датира од 3000 година п.н.е. Во 8 век п.н.е. колонисти од Еретрија го основале Афитос, кој во антиката бил важна населба во Касандра. Светилиштето на Дионис и нимфите и Храмот на Зевс Амон играат важна улога во архаичниот и класичниот период. Градот учествувал во персиските војни со своите бродови. Бил принудел од Персијците да им плаќа данок. По повлекувањето на Персијците се присоединил кон Атинскиот поморски сојуз[3]. Градот издавал сопствени пари со ликот на Зевс Амон. Градот исто така имал просперитет и во римско време[4].
Отоманско Царство
[уреди | уреди извор]Афитос се поменува во светогорски документи од 14 век како село и во грчки извори од почетокот на XVII век. Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Селото како и сите други населби на полуостровот припаѓало на вакуфот Газанфер ага во нахијата Каламарија. Многу жители на селото учествувале во Грчката војна за независност во 1821 година како Тријандафилос Гаруфалу, Јоргос Панајоту, Анастасиос Кирјазис и Гарифалос Антониу. Во војната селото било уништено и било повторно преземено дури по 1827 година. Куќите од варовник се одличен пример за каменоделството на XIX век[3].
Во 1859 година била изградена црквата „Св.Димитриј“. Набргу потоа, во 1867 година била изградена црквата „Свети Ѓорѓи“ во Лавриотико, во 1885 година црквата „Успение Богородично“, а подоцна „Свети Атанасиј“ и „Свети Николај“ (врз урнатините на ранохристијанса црква).
Грција
[уреди | уреди извор]По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
На пописот од 1913 година биле евидентирани 480 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 689 жители[5]
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото броело 636 жители, додека во 1940 година селото броело 805 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 944 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 870 жители, во 1971 година имало 724 жители, во 1981 година имало 740 жители[5], додека во 1991 година имало 838 жители. Денеска, населението на селото е 1273 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 805 | 944 | 870 | 724 | 740 | 838 | 1227 | 1273 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Култура
[уреди | уреди извор]Селото е одличен пример за традиционална архитектура. На селскиот плоштад со неправилен облик се наоѓа црквата „Св. Димитрија“, која претставува трикорабна куполна базилика (единствената на Халкидик), во која иконостасот и прозорците се украсени со камени релјефи[6]. На плоштадот се наоѓа и голема традиционална куќа, во која се сместени управата и етнографскиот музеј, кој бил основан во 1980 година[3].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ακμαντζαλή -- Λάκκωμα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Chalkidiki and Mount Athos. Athens: Michael Toubis Publications SA. 2006. стр. 62. ISBN 960-540694-4 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help). - ↑ Κασσάνδρα Χαλκιδική
- ↑ 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 178.
- ↑ www.kassandra-halkidiki.gr.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|