Прејди на содржината

Руски Метох

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руски Метох
Καλλιθέα Χαλκιδικής
Руски Метох is located in Грција
Руски Метох
Руски Метох
Координати: 40°04′N 23°26′E / 40.067°N 23.433°E / 40.067; 23.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
Заедница
  Население779
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Руски Метох, денес наречен Калитеја (Καλλιθέα; до 1925 г. Μετόχι Ρωσσικό; подоцна Νέα Φλογιτά, Неја Флогита)[1]село во Егејска Македонија, Република Грција и познато туристичко место на Касандра, првиот крак на Халкидик. Се наоѓа на источниот брег на кракот на околу 85 километри оддалеченост од Солун. Едно е од најпосетуваните места за Македонците кои летуваат во Грција. Населението брои 779 жители.

Како што укажува изворното име, ова место порано било метох (посед) на рускиот манастир „Св. Пантелејмон“ на Света Гора. Селото е основано во 1925 г. од грчки доселеници од Турција.