Ново Село (Серско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ново Село
Νεοχώρι
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Ново Село is located in Довишта
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°3′N 23°34′E / 41.050° СГШ; 23.567° ИГД / 41.050; 23.567Координати: 41°3′N 23°34′E / 41.050° СГШ; 23.567° ИГД / 41.050; 23.567
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаСтрума
Надм. вис.&1000000000000001400000014 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно604
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ново Село или Нихор (грчки: Νεοχώρι, Неохори)[2] — село во Општина Довишта во Серски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 6 километри југоисточно од градот Сер и на 14 километри источно од Довишта, на надморска височина од 2 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 92 жители цигани[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 180 Македонци и 48 цигани[4][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 272 македонски гркомани, 18 Албанци и 54 цигани[6][7].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 148 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 81 жители[8].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било прекрстено во Паралимнион[9].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Νεοχώρι
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124-125.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
  6. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 64. 
  9. Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971

Надворешни врски[уреди | уреди извор]