Везник
Везник Άγιο Πνεύμα | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°06′N 23°40′E / 41.100° СГШ; 23.667° ИГДКоординати: 41°06′N 23°40′E / 41.100° СГШ; 23.667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Довишта |
Општ. единица | Довишта |
Надм. вис. | 334 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.954 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (DST) | EEST (UTC+3) |
Везник (грчки: Άγιο Πνεύμα, Валтотопи)[2] — село во Општина Довишта во Серски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 23 километри источно од градот Сер и на 3 километри северозападно од Довишта.
Селото се наоѓа на надморска височина од 334 метри.
Историја[уреди | уреди извор]
Отоманско Царство[уреди | уреди извор]
Селото во текот на 19 век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ , издадена во Цариград во 1878 година и статистиката на машкото население од 1873, селото се состоело од 177 семејства со 30 жители Турци и 400 Грци[3] Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Весникон (Vesnikon) живееле 1440 Грци.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 125 жители Турци и 1120 Грци[5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 1380 Грци[6], и функционирало грчко училиште.
Грција[уреди | уреди извор]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1693 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1616 жители[7].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било прекрстено во Агион Пневма[8].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ (PDF 39 Мб) Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г.. Државен завод за статистика на Грција. 2003. http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00095.pdf.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βεζνίκον - Μόνοικον
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
- ↑ Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 43.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 176.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 63.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|