Манастир „Св. Илија“ - Везник

Координати: 41°6′22″N 23°40′50″E / 41.10611° СГШ; 23.68056° ИГД / 41.10611; 23.68056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија
Προφήτη Ηλία
Главниот влез на манастирот
Карта
41°6′22″N 23°40′50″E / 41.10611° СГШ; 23.68056° ИГД / 41.10611; 23.68056
МестоВезник, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1990
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Илија (грчки: Ιερά Μονή του Προφήτη Ηλία) — женски манастир кај селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Манастирот се наоѓа северно од Везник, на 8 км источно од Сер. Сместен е на рид на јужните падини на Сминица. Првата црква на ова место е изградена во 1911 г.,[2][3] но со време се срушила.[1]

Во 1990 г. група монаси започнале да градат манастир на местото, и во обновената манстирска црква севградени два ѕида од стариот храм.[1] Црквата е трикорабна базилика со дрвен покрив повисок среден кораб со три реда прозорци од обете страни. Трите кораби се разделени со квадратни столбови.[2] Сестринството се занимава со иконопис и везење со срма. Во параклисот „Пресв. Богородица Мироточива“ има точна компија на познатата истоимена икона. Во манастирот се чуваат мошти на светците Григориј V, Никола Плата и Филотеја Атинска.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Ιερά Μονή του Προφήτη Ηλία“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 2,2 „Διακοπές“. In.gr. Архивирано од изворникот на 2018-01-02. Посетено на 2 јануари 2018.
  3. „Μνημεία της Κοινότητας Αγίου Πνεύματος“. Δαρνακοχώρια. Архивирано од изворникот на 2014-01-28. Посетено на 2 јануари 2018.